Карцином на бубрези

Како и сите органи во телото така и бубрезите се подложни на малигни заболувања. Иако не се многу чести, истражувањата покажуваат дека расте бројот на пациенти кои заболуваат од малигни заболувања на бубрезите. Статистиките велат дека се јавува кај 3- 5 пациенти на 100.000 или во Македонија годишно се откриваат од 80 до 100 нови случаи. Овој вид карцином најчесто се јавува во понапредната возраст и многу е почест кај машката популација. Постојат два вида карциноми на бубрезите – едниот ја напаѓа кората на бубрегот, а другиот вид ја напаѓа срцевината на бубрегот, одводните каналчиња, бубрежното леѓенче и мочните канали.

Кои се симптомите?

Симптомите се најчесто тивки и незабележливи. Затоа  е многу важно луѓето над 50 години еднаш годишно да посетат уролог. Еден од симптомите кои може да се појават е крвта во урината што е сигнал дека нешто не е во ред во ред со вашите бубрези. По крвта може да се појави и неопределена тапа болка, а по направена КТ снимка се поставува дијагноза карцином на бубрези. Ако имате некој од овие симптоми веднаш јавете се на уролог, тој врз основа на наодите ќе определи дали е во состојба да се направи хируршка интервенција, која техника на интервенција ќе се направи и како тоа ќе се одрази врз општото здравје на пациентот.

Како рано да го откриеме карциномот на бубрези?

Ултрасонографскиот преглед е многу ефикасен и достапен во раното откривање на бубрежните тумори. Докторите советуваат и во добро здравје да се направи превентивен преглед на бубрезите бидејќи колку порано се открие овој вид карцином се лекува. Доколку се дијагностицира во понапреднати стадиуми тогаш во процесот на лекување освен уролог, мора да се вклучи и тим од онкологози. Покрај ехото потребно е да се направат и лабораториски прегледи на крвта и урината, компјутерска томографија, МРИ.

Лекување

Заедно со вашиот лекар ќе се одлучите за најдобриот третман за лекување, кој зависи од многу фактори како што е општата здравствена состојба, типот, стадиумот и проширеноста на болеста. Хируршката интервенција е првичниот третман што се применува, но се прави и комбинација од радиотерапија, хемотерапија и имунотерапија. Бидејќи бубрезите се парни органи можно е да се отстрани целосно бубрегот, без да се наруши општото здравје ако другиот бубрег е во ред. Во многу случаи на лекување кај пациентите потребен е мултидициплиниран пристап. По завршување на третманот за карциномот на бубрези пациентот мора да прави редовни контроли.

Превенција

Откажете се од пушењето, одржувајте нормалната телесна тежина, бидете физички активни, редовно контролирајте го крвниот притисок и еднаш годишно посетете уролог.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!