Запек кај бебињата

Запекот кај бебињата честопати претставува знак за аларм и паника кај родителите. Честопати, не знаејќи што да направат, прашуваат на блоговите и добиваат најразлични совети кои не секогаш се правилни. Кај ексклузивно доените бебиња, запекот не претставува никаков здравствен проблем бидејќи мајчиното млеко во најголем дел се искористува целосно  од организмот.

Запекот кај бебињата честопати претставува знак за аларм и паника кај родителите. Честопати, не знаејќи што да направат, прашуваат на блоговите и добиваат најразлични совети кои не секогаш се правилни. Кај ексклузивно доените бебиња, запекот не претставува никаков здравствен проблем бидејќи мајчиното млеко во најголем дел се искористува целосно  од организмот.

 

Дали една столица дневно е нормално?

Мајчиното млеко има висока хранлива вредност, па честопати организмот на бебето целосно го искористува млекото, оставајќи сосем мала количина која минува низ дигестивниот систем.  Од таа причина, сосем е нормално доколку вашето бебе нема чести столици во текот на неколку дена. Ваквата состојба е нормална кај ексклузивно доените бебиња.  Друга причина за нередовна столица е фактот што голем дел од бебињата имаат бавен дигестивен систем, што не претставува здравствен проблем. Сепак, доколку нередовната столица е проследена со болки кај бебето или сметате дека нешто не е в ред, разговарајте со вашиот педијатар.

Во ретки случаи, запекот кај бебињата е предизвикан од здравствен проблем, како што е неправилната работа на мускулите на дигестивниот систем или постоење на  пречка, блок во дигестивниот систем кој спречува нормален тек на содржината во цревата.

Запекот не претставува само отсуство на столица туку и доколку бебето има потешкотии при празнењето.  Доколку 4 до 5 дена во неделата бебето има мека столица тоа е сосем нормално. Обратете се кај вашиот педијатар доколку кај вашето бебе забележите:

–          потешкотии при празнење
–          тврда столица
–          цврст стомак
–          крвава или темна столица
–          изостанување на столица 5-10 дена

Како да му помогнете на бебето при запек

Најдобар избор е консултација или преглед кај матичниот педијатар.  Не преземајте мерки без стручен совет бидејќи, во најголем дел од случаите, запекот е нормална работа и нема потреба од никаква помош. Доколку бебето е на адаптирано млеко, по претходна препорака на педијатарот променете го со друг тип адаптирано млеко. Запекот не е причина да престанете со доењето или адаптирано млеко. 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!