Поголемиот дел од лицата со дијабетес може да консумираат одредени видови на алкохол. Она што е важно е пиењето да биде во умерени дози и да се внимава на составот на пијалакот. Во денешно време, постојат пијалаци кои содржат алкохол а не содржат премногу шеќер, па се дозволени за лицата со шеќерна болест. Пред да посегнете по било кој алкохол, треба да бидете запознаени како тој влијае на нивото на шеќер во крвта.
Пиво
350 мл пиво содржи околу 15 грама јаглехидрати. Светлото пиво содржи 3 до 6 грама. Доколку се одлучите за пиво, тогаш подобра опција е светлото пиво кое содржи помалку шеќери.
Вино
Истражувањата покажуваат дека виното, без разлика дали е бело или црвено, му помага на телото подобро да го искористи инсулинот. Покрај тоа виното има позитивни ефекти и врз работата на срцето и крвните садови. 150 мл вино содржат околу 120 калории од кои во најголем дел потекнуваат од алкохолот, а не од јаглехидратите.
Сангриа
Рецептите варираат, но во зависност од тоа кое овошје и сокови се вклучени, овој уникатен шпански пијалак може да содржи многу шеќери. Доколку сепак сте навикнати на овој пијалак, заменете го со слатка сорта на вино или ароматизирано вино.
Коктели
Ако имате дијабетес не значи дека треба да ги исклучите коктелите од менито. Едноставно, наместо засладените сирупи, ставете природен засладувач, користете свежо овошје, ставете многу лед и коктелот е готов.
Најавете дека имате дијабетес
Доколку се сомневате во изборот на пијалак, откако ќе го нарачате пијалакот, известете го келнерот дека имате дијабетес. Без разлика за што ќе се одлучите важно е да останете добро хидрирани. Доколку примате инсулин, имајте предвид дека алкохолот може да го намали нивото на шеќер во крвта.