Оваа веб-страница користи колачиња (cookies)

Ние користиме неопходни колачиња кои се поставени на вашиот уред за да овозможат правилно функционирање на веб-страницата. Покрај неопходните, доколку се согласите, ние можеме да поставиме и колачиња за аналитика, функционалност и колачиња за рекламирање.

Колачињата што ги користи Клиничка болница „Аџибадем Систина“ не зачувуваат информации (лични податоци), кои овозможуваат идентификација на корисникот како физичко лице.... 

Секогаш активни

Тие се потребни за правилно функционирање на страницата и не можат да се исклучуваат во нашите системи. Тие обично се поставуваат само како одговор на постапките направени од вас, што претставува барање за услуги, како што се поставување на преференциите за приватност или пополнување формулари во контакт-формата. Можете да го поставите прелистувачот да ги блокира или да предупредува за овие колачиња, но блокирањето на овие колачиња ќе спречи да работи веб-страницата. Овие колачиња не зачувуваат никакви лични податоци.

Нема колачиња за прикажување.

Колачиња што помагаат да се извршат одредени функционалности како споделување на содржината на веб-страницата на социјалните медиуми, собирање повратни информации и други карактеристики на трети страни.

Нема колачиња за прикажување.

Колачиња што се користат за да се разбере како посетителите комуницираат со веб-страницата. Овие колачиња помагаат да се обезбедат информации за бројот на посетители, изворот на сообраќај итн.   

Нема колачиња за прикажување.

Колачињата за перформанси се користат за да се разберат и анализираат клучните индекси за изведба на веб-локацијата, што помага да се обезбеди подобро корисничко искуство за посетителите.

Нема колачиња за прикажување.

Колачиња што обезбедуваат за посетителите релевантни реклами (пример Фејсбук). Тие компании можат да ги користат за да изградат профил на вашите интереси и за да ви покажат релевантни реклами од други страници. Тие не складираат директно лични информации, но се засноваат врз уникатно идентификување на вашиот прелистувач и интернет-уред. Ако не ги прифатите овие колачиња, ќе искусите помалку насочено рекламирање.

Нема колачиња за прикажување.

Метеопатија – најчеста болест на модерното општество

Помните ли кога вашите баби и дедовци се жалеа на главоболка, болки во коските и зглобовите поради промена на времето? Денеска речиси сите реагираме на неповолните временски влијанија. Сведоци сме на нагли климатски промени кога температурата во текот на едно деноноќие се менува за 15 - 20 степени. Пролетта и есента траат неколку денови, или воопшто ги нема, па од зима директно влетуваме во лето и обратно. Експертите предупредуваат дека осетливоста на временските промени може да стане најчеста болест на модерното опшество. 

Помните ли кога вашите баби и дедовци се жалеа на главоболка, болки во коските и зглобовите поради промена на времето? Денеска речиси сите реагираме на неповолните временски влијанија. Сведоци сме на нагли климатски промени кога температурата во текот на едно деноноќие се менува за 15 – 20 степени. Пролетта и есента траат неколку денови, или воопшто ги нема, па од зима директно влетуваме во лето и обратно. Експертите предупредуваат дека осетливоста на временските промени може да стане најчеста болест на модерното опшество. 

Иако најзагрозени се лицата во средно доба, особено жените, метеопатијата ги погодува сите категории, од најмладите до најстарите. Дури половина од популацијата во Средна Европа е засегната од временските влијанија. 

Како влијае времето на нашето здравје?

Електромагнетните бранови кои се создаваат во атмосферата секогаш кога времето се менува влијаат на нашиот организам. Наглите промени на температурата, притисокот и влажноста на воздухот го оптоваруваат организмот. Но, покрај електромагнетните бранови, климатските промени, како и неможноста човековиот организам брзо да се прилагоди на овие промени се една од важните причини за појава на сѐ поголем број метеоропати. Научниците сметаат дека современото живеење, кое во најголем дел од денот се одвива во затворени простории, ја намалува способноста на организмот за природно прилагодување на различните временски услови. Доколку малку време поминуваме на отворено и во природа, нашиот организам потешко се прилагодува на промените, и ние тоа го чувствуваме.

Како да препознаете метеопатија?

Постојат две групи на метеопати: 
1. Во првата спаѓаат лицата кои немаат здравствени проблеми, а при промена на времето чувствуваат општа слабост и болки во одредени делови на телото. 
2. Во втората група спаѓаат лицата кои веќе имаат хронично заболување, како висок крвен притисок, срцеви проблеми, дијабетичари, луѓе со проблеми во мускулите и во коските. Кога се менува времето тегобите кај овие лица се влошуваат. 
Најчести симптоми кои ги чувствуваат метеопатите се главоболка, потиштеност и непријатна болка во коските и во зглобовите. Некои од нив, според сигналите што ги добиваат од телото, можат да предвидат промени на времето.

Симптомите кај метеопатите можеме да ги поделиме во три групи:

-Психички: замор, нагли промени на расположението, намалена концентрација, безволност, раздразливост, апатија и нарушување на сонот.
Физички: главоболка, мигрена, мачнина, вртоглавица, несвестица, ревматски болки, болки во делови на телото каде претходно имале повреда.
Влошување на срцевите тегоби: забрзана работа на срцето, чувство на срцебиење или зголемување на крвниот притисок.

Неколку совети како да ги намалите последиците од временските промени:
• Сите хронично болни треба секојдневно да ја следат биометеролошката прогноза и редовно да ја земаат препишаната терапија. Доколку им се влоши здравствената состојба, треба веднаш да се јават на лекар.
• Поминувајте повеќе време на отворено. Секој слободен ден искористете го за прошетка надвор од домот или работното место, на чист воздух, без разлика на временските услови.
• Секојдневно вежбајте најмалку половина час.
• Метеопатите не треба да претеруваат со земање лекови за да ги ублажат тегобите. Најдобро е да користат чаеви од камилица, нане или маточина.
• Хранете се здраво. Секој ден во вашиот оброк да преовладува овошје и зеленчук. Еден од начините да ги намалите последиците од временските промени е да пиете поголеми количини вода и доволно да спиете.
• Не дозволувајте погледот на „сивото небо“ да ви го расипе расположението бидејќи утре е нов ден, кога сонцето ќе ви ја огрее душата.

Што е биометерологија?

Од неодамна развиена е нова гранка на метеорологијата –биометеорологија која го истражува влијанието на временските услови врз луѓето, животните и растенијата. Биометеоролошката прогноза ги опишува метеоролошките состојби и ги најавува временските промени кои би биле неповолни за метеопатите. Целта на биопрогнозата е навреме да ги предупреди лицата осетливи на неповолни временски влијанија за на време да ги спречат здравствените проблеми.

 

 

 

 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!