Оваа веб-страница користи колачиња (cookies)

Ние користиме неопходни колачиња кои се поставени на вашиот уред за да овозможат правилно функционирање на веб-страницата. Покрај неопходните, доколку се согласите, ние можеме да поставиме и колачиња за аналитика, функционалност и колачиња за рекламирање.

Колачињата што ги користи Клиничка болница „Аџибадем Систина“ не зачувуваат информации (лични податоци), кои овозможуваат идентификација на корисникот како физичко лице.... 

Секогаш активни

Тие се потребни за правилно функционирање на страницата и не можат да се исклучуваат во нашите системи. Тие обично се поставуваат само како одговор на постапките направени од вас, што претставува барање за услуги, како што се поставување на преференциите за приватност или пополнување формулари во контакт-формата. Можете да го поставите прелистувачот да ги блокира или да предупредува за овие колачиња, но блокирањето на овие колачиња ќе спречи да работи веб-страницата. Овие колачиња не зачувуваат никакви лични податоци.

Нема колачиња за прикажување.

Колачиња што помагаат да се извршат одредени функционалности како споделување на содржината на веб-страницата на социјалните медиуми, собирање повратни информации и други карактеристики на трети страни.

Нема колачиња за прикажување.

Колачиња што се користат за да се разбере како посетителите комуницираат со веб-страницата. Овие колачиња помагаат да се обезбедат информации за бројот на посетители, изворот на сообраќај итн.   

Нема колачиња за прикажување.

Колачињата за перформанси се користат за да се разберат и анализираат клучните индекси за изведба на веб-локацијата, што помага да се обезбеди подобро корисничко искуство за посетителите.

Нема колачиња за прикажување.

Колачиња што обезбедуваат за посетителите релевантни реклами (пример Фејсбук). Тие компании можат да ги користат за да изградат профил на вашите интереси и за да ви покажат релевантни реклами од други страници. Тие не складираат директно лични информации, но се засноваат врз уникатно идентификување на вашиот прелистувач и интернет-уред. Ако не ги прифатите овие колачиња, ќе искусите помалку насочено рекламирање.

Нема колачиња за прикажување.

Како да се победи болката во грбот?

Ризикот од хронични заболувања кај канцелариските работници e поголем. Иако ова звучи многу интересно и иако голем дел од популацијата не го разбира сериозно, последните статистички податоци се застрашувачки. Дури 40% од канцелариските работници се изјасниле дека седат околу 8 часа на своето работно место, 28% дека седат 6 – 8 часа на работно место, 25 % се изјасниле дека седат 4 – 6 часа на работното место. Сето ова и не би било толку страшно доколку не се следи уште една статистика според која работоспособното население од 20 до 62 години кое седи повеќе од 4 часа на своето работно место има двапати поголеми шанси да заболи од т.н. седечки синдром од другото население. За најчестите проблеми од овој синдром одговор ни даде Дејан Парцанов, физиотерапевт во Клиничка болница „Аџибадем Систина“.

Ризикот од хронични заболувања кај канцелариските работници e поголем. Иако ова звучи многу интересно и иако голем дел од популацијата не го разбира сериозно, последните статистички податоци се застрашувачки. Дури 40% од канцелариските работници се изјасниле дека седат околу 8 часа на своето работно место, 28% дека седат 6 – 8 часа на работно место, 25 % се изјасниле дека седат 4 – 6 часа на работното место. Сето ова и не би било толку страшно доколку не се следи уште една статистика според која работоспособното население од 20 до 62 години кое седи повеќе од 4 часа на своето работно место има двапати поголеми шанси да заболи од т.н. седечки синдром од другото население. За најчестите проблеми од овој синдром одговор ни даде Дејан Парцанов, физиотерапевт во Клиничка болница „Аџибадем Систина“.

Што е седечки синдром?

Седечкиот синдром претставува метаболен синдром при кој кај секој кој седи континуирано подолго од 60 – 90 минути се забавуваат сите метаболни процеси во организмот, со тоа се намалува функцијата на циркулаторниот систем и исхраната и оксигенацијата на целото тело. Како резултат на ова кај оваа популација двојно се зголемува можноста за развој на хронични заболувања, како хиперлипидемија, висок крвен притисок, дијабетес, но водечка причина за лимитирана работоспособност претставуваат тешкотиите кои се јавуваат кај мускулоскелетниот систем. Најзастапени се проблемите кои се јавуваат со болки во цервикалниот дел од ‘рбетниот столб (вратот), лумбалниот дел од ‘рбетниот столб и потоа следат горните и долните екстремитети. Како резултат на кумулативна траума врз ‘рбетниот столб најнапред страда мекото ткиво, а потоа и зглобовите и коските. Земајќи предвид дека ‘рбетот е столб на целото тело, разбирливи се и потешкотиите кои се јавуваат при негова дисфункционалност. Мора да се земе предвид фактот дека слабоста на мускулатурата на целото тело, а особено грбната е главна причина за болките во грбот кои се јавуваат.

Како се карактеризираат болките во вратот?

Чувството на вкочанетост во вратот, кое е проследено со полесна или посилна главоболка, се едни од најчестите симптоми кои ни ги најавуваат проблемите во вратниот ‘рбет. Симптоми кои може да се појават се: вртоглавици, ограничена подвижност во вратот, вкочанетост и болка помеѓу плешките, трнење во прстите на дланката или целата рака, како и болка долж целата рака.

Од што се предизвикани болките во ‘рбетот?

  • Лумбалниот дел од ‘рбетниот столб претставува една комплексна структура од елементи кои се испреплетени и меѓусебно се надополнуваат:
  • Тетиви, мускули и други мекоткивни структури
  • Нерви и нервни патишта кои се протегаат од лумбалниот дел, па сè долж нозете, до стапалата
  • Мали и комплексни зглобови
  • Меѓупрешленски дискови

Иритација или проблем со кој било дел од овие сегменти може да предизвика болка во ‘рбетот која се локализира во таа регија или се шири кон карлицата и долните екстремитети. И покрај сложеноста на овој сегмент од ‘рбетниот столб, распонот на болката се протега од тапа, слаба и болка која тлее, до силна и прободувачка која го лимитира обемот на движење, го отежнува одењето и седењето, како и целокупното секојдневно функционирање.

Како да се победи болката во грбот?

Првата епизода на болки во грбот нè предупредува за понатамошните чекори кои треба да ги преземеме.

  • Користењето медикаментозна аналгетска терапија има моментално дејство и не ја решава генезата на проблемот.
  • Физикалната терапија времено намалува или ги отстранува тегобите.
  • Физичката активност и вежбите за истегнување и тонизирање на мускулатурата на цервикалниот и лумбалниот дел се многу важен дел од секојдневието.
  • Медицинска масажа во комбинација со релаксацискa масажа.
  • Движењето и правилното држење на телото е самопомошта која треба да си ја пружиме.

Неколку факти кои треба да ги знаеме за седењето:

  • Континуирано седење подолго од 60 – 90 минути го забавува севкупниот метаболизам во телото. При седење се врши поголем притисок врз ‘рбетниот столб отколку при стоење.
  • Еден час вежбање по работното време нема да ги поништи целосно негативните ефекти од седењето.
  • На секој час до час и половина потребно е да се движиме во период од 5 до 7 минути.
  • Не седи ако можеш да стоиш, не стој ако можеш да одиш.

Спиналниот центар во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ овозможува ефикасен третман за секоја болка во грбот. Од првиот миг за вас ќе се грижи врвен тим на специјалисти и лиценцирани физиотерапевти кои ќе ве ослободат од болката во грбот. Современата технологија и долгогодишното искуство се гаранција дека вашата болка ќе исчезне.

Сподели:

Останати написи

  • Добивај известувања за новости!