Кога ви е потребен скрининг за карцином на матка?

Најновите истражувања во врска со скринингот за карцином на матка велат дека жените под 21 година не треба да прават никакви испитувања за карцином на матката бидејќи параметрите на тестовите, меѓудругото, се базираат на сексуалната активност на жената.

Најновите истражувања во врска со скринингот за карцином на матка велат дека жените под 21 година не треба да прават никакви испитувања за карцином на матката бидејќи параметрите на тестовите, меѓудругото, се базираат на сексуалната активност на жената.

Карциномот на матка е толку ретко заболување кај оваа популација што речиси не постои. Најновите истражувања велат дека жената треба да почне да се испитува на возраст од 21 година. Жените од 21 до 30 години треба да прават ПАП тестови еднаш годишно. Додека жените над 30-годишна возраст, треба да прават ПАП тестови двапати годишно, со тоа што задолжителен е ХПВ тест на секои 3 до 5 години. На овој начин жените кои имаат повеќе од 30 години ќе се заштитат од многубројните заболувања на матката.

Доколку жените одат на редовни рутински гинеколошки прегледи и ПАП тест, повеќето преканцерозни промени можат многу рано да се откријат и излекуваат, пред да дојде до развој на карцином. На тој начин може да се превенираат повеќето инванзивни карциноми. Секој инванзивен карцином кој веќе се развил многу е веројатно дека со овие скрининг тестови ќе се открие во раните стадиуми, кога е и можно комплетно излекување.

Скринингот не се препорачува за жени постари од 65 години, а особено за оние кои правеле редовни ПАП тестови во последните 10 години и имале одлични резултати.

 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!