Зрачна терапија е техника при којашто се користи високо ниво на енергија, X-зраци кои ги убиваат клетките на карциномот. Изворите на зрачењето може да бидат надворешни каде Х-зраците се насочуваат на карциномот; или, внатрешни (од внатрешноста на телото) и доаѓаат од радиоактивни импланти.
Целта на надворешната и внатрешна зрачна терапија е да ги убие клетките на канцерот, со максимална заштита на здравото ткиво околу канцерот.
Зрачна терапија се користи:
- Како самостоен третман за лекување
- Пред операцијата за да се намали туморот
- По операцијата за да ги уништи клетките на карциномот кои евентуално останале по операцијата
- Заедно со хемотерапија, што ги прави клетките на карциномот почувствителни
- По хемотерапијата, да ги убие другите клетките на карциномот
- Да се контролираат симптоми како што се болка или крвавење