Терапија со бои – Знаете ли дека боите можат да лекуваат?


Боите се моќна алатка за постигнување психичка и физичка рамнотежа, но не секој од нас е свесен за тоа. Тие се пријатни за око, а ние ги избираме зависно од нашиот вкус и со нив најмногу се служиме во естетски цели. Но, тоа не е сè што тие можат да ни понудат!

Психолозите советуваат дека на боите може да се гледа како на достапна и вредна алатка за подигнување на нивото на квалитет на живот, но и постигнување на оптимално здравје. Затоа е битно во нашето секојдневие да ја применуваме моќта на боите.

sistina

Боите се моќна алатка за постигнување психичка и физичка рамнотежа, но не секој од нас е свесен за тоа. Тие се пријатни за око, а ние ги избираме зависно од нашиот вкус и со нив најмногу се служиме во естетски цели. Но, тоа не е сè што тие можат да ни понудат!

Психолозите советуваат дека на боите може да се гледа како на достапна и вредна алатка за подигнување на нивото на квалитет на живот, но и постигнување на оптимално здравје. Затоа е битно во нашето секојдневие да ја применуваме моќта на боите.

За да оздравите или да си ги олесните телесните тегоби, можете да се послужите со метода на визуелизација, така што на заболените делови на телото ќе им упатите замислен сноб на одредена боја. За почеток, правете го тоа по најмалку три минути, а потоа медитацијата продолжувајте ја до 10 минути. Можете десната дланка да ја ставите во горниот дел на стомакот, под ребрата, а левата на болното место. Ако не можете добро да визуелизирате истиот ефект ќе го постигнете и со перцепирање на една боја од слика или некој обоен предмет. Тогаш бојата ментално насочете ја кон заболениот дел од телото.

Белата боја генерално ќе ни послужи за прочистување на телото и умот, особено во кризни состојби или во состојба на шок. Во телото може да се внесе и преку храната со на пример млеко, млечни производи, карфиол, репка, круши, банани, лук и кромид.

Црвената боја помага за задоволување на телото со неопходната енергија кога се работи за замор и исцрпеност. Ја поттикнува креативноста, ја јакне самодовербата, ја засилува волјата, охрабрува. Терапијата со црвена боја им помага на анемичните лица, на оние со слаба циркулација, со проширени вени и лицата кои имаат проблеми со хемороидите. Од храна треба да се јадат домати, цвекло, цреши, јагоди, малини, лубеница, црвени рибизли, ротквици, црвен портокал.

Портокаловата боја традиционално се смета за боја на мудроста. Помага во отворање на умот. Се поврзува со разбирањето и толеранцијата и ги отстранува емоционалните блокади. Го олеснува учењето, го поттикнува помнењето и ја смирува раздразливоста. Терапијата со портокалова боја може да помогне и кај сите тегоби поврзани со органите за репродукција, како што се половата немоќ, неплодноста, проблеми со менструалниот циклус. За да се отстранат ваквите проблеми треба да јадете повеќе моркови, портокали, мандарини, кајсии и тиква

Жолтата боја е симбол на сонцето, растот и топлината. Таа буди оптимизам и го поттикнува позитивниот став кон животот. Терапијата со жолта боја може да помогне при отстранување на чувство на помала вредност, но и кај болестите на желудникот и на црниот дроб. Затоа треба да консумирате диња, грејпфрут, пченка, ананас, лимон.

Зелената боја е боја на природата, спокојството и внатрешната рамнотежа. Дејствува при стресни ситуации, особено на емоционални проблеми како рането срце. Терапијата со зелена боја може да помогне кај болестите на срцето и белите дробови, како и кај астмата  и алергиите. Од храната се препорачува зелена пиперка, брокула, грашок, сите видови зелена салата, киви, краставица, тиквички.

Сината боја се поврзува со способноста на изразување и со способноста за приспособување на околината. Терапијата со сина боја може да помогне во отстранување на одредени стравови, опсесии, психоза и вознемиреност, а на телесно ниво, кај болестите на главата, грлото, забите и вилиците, како и при проблеми со тироидната жлезда и вратните коски.  Ако ве мачат овие проблеми добро е во организмот да внесувате храна со сина боја како што се грозјето, сливите, боровинките, црните рибизли.

Виолетовата боја најмногу се поврзува со способност за развивање на интуитивни и духовни спознанија. Терапијата со таа боја може да помогне кај лицата на кои им недостига самодоверба. Го отстранува чувството на бесмисленост. Исто така, може да им помогне на сите кои страдаат од честа промена на расположението, мигрена и депресија. Препорачливо е тие лица да јадат повеќе црн домат, виолетова зелка, капини и боровинки.

 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!