Што е карцином на дојка?

Карцином на дојката потекнува од млечните канали или од клетките кои ги обложуваат млечните канали задолжени да ги снабдуваат дојките со млеко. Иако причините за појава на карцином не се познати, генетската мутација што создава генетски предиспозиции го зголемува ризикот од појава на карцином на дојка. Факторите што предизвикува карцином на дојка сèуште не се познати. Меѓутоа, денешните истражувањата укажуваат на фактори што влијаат на појавата на карциномот. Додека некои жени имаат генетска предиспозиција (деформитет во гените кои создаваат склоност кон карцином), другите немаат фактори на ризик, освен што се жени. Карциномот на дојката е еден од најчестите карциноми кои се јавуваат кај жените, како што се и карциномот на матката и карциномот на грлото на матката. Оваа стапка е иста во цел свет, како и во нашата земја.

Најголем ризик од карцином постои кај жените од Северна Европа

Државите во кои е највисока стапката на смртни случаи од карцином на дојка се во Северна Европа. Оваа стапка е 22,6 на секои 100 илјади. Стапката на смртни случаи од карцином на дојка во Кина и во Јапонија, спротивно на онаа за Северна Европа, е 5,6 и 8,3 на 100 илјади.

Во САД една од осум жени има карцином на дојка. Во 2008 година во САД повеќе од 182.000 жени биле дијагностицирани со карцином на дојка. Околу 40.000 жени го загубиле својот живот поради карцином на дојка. Сепак, и покрај овие депресивни податоци, има и позитивни резултати. Денес во САД има 2,5 милиони преживеани и излекувани пациенти од карцином на дојка. Се смета дека зголемувањето на свеста за мамографско снимање за жени над 40 години и намалувањето на терапиите за хормонска замена за жените во менопауза се дополнителни фактори за овој успех.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!