Земете длабок здив и допрете ги палците на нозете. Истегнувањето е добро за вашето тело и мозок.
Истегнувањето треба да претставува неизбежен дел од вежбањето бидејќи го подобрува спектарот на движења, го намалува ризикот од повреди, го подобрува дотокот на крв до мускулите и го ослободува од напнатоста во мускулите.
Покрај тоа, истегнувањето е одличен начин да направите конекција меѓу телото и мозокот. Постојат неколку начини на истегнување кои постојано треба да ги практикувате.
1. Истегнување на тетивите под колената
– Легнете на подот
– Земете ги рачките на јажето за вежбање во двете раце и истото ставете го околу табанот на десното стапало.
– Левата нога треба да остане на подот, исправена, додека десната, исто така треба да ја кренете горе со тоа што ќе си помогнете со јажето истата да остане исправена.
– Држете ја ногата горе 15 секунди
– Одморете и повторете ја вежбата 3 пати
– Истото направете го и со левата нога
2. Застанете исправено со стапалата едно до друго и левата рака потпрете ја на ѕидот со цел да бидете стабилни
– Свиткајте го десното колено, така што со десната рака ќе го фатите десното стапало
– Влечете го стапалото нагоре, така што петицата ќе го допира вашиот заден дел.
– Држете 15 секунди
– Одморете и направете ја вежбата 3 пати
– Истото повторете го и со левата нога
3. Кренете го зглобот на десното стапалото и ставете го , во вкрстена положба, преку левото колено.
– Почнете да го свиткувате левото колено додека не дојдете до „седечка“ позиција (потклекната)
– Обидете се да го држите левиот бут паралелно со подот.
– Држете 15 секунди
– Одморете и повторете ја вежбата трипати
– Истото направете го и со левата нога