Што треба да направите за да не дозволите предијабетесот да се претвори во дијабетес?
Доколку ви е дијагностициран предијабетес, значи дека состојбата е алармантна, но тоа не значи дека сигурно ќе премине во дијабетес. Сѐ уште има време да ги смените работите.
Ова е можност да промените некои животни навики со кои ќе го намалите прогресирањето на дијабетесот, па дури и ќе ја спречите неговата појава.
Бидете активни
Потрудете се да бидете поактивни. Постојано вметнувајте нови вежби во вашата дневна рутина. Користете ги скалите почесто од лифтот и правете вежби за истегнување додека гледате телевизија. Физичката активност е основен дел во планот за третман во периодот на предијабетес бидејќи така ќе го намалите нивото на гликоза во крвта и мастите во телото. Најдете 30 минути во денот и вежбајте 3-5 дена во неделата.
Намалете ја вашата телесна тежина
Во една студија се вели дека луѓето кои се дијагностицирани со предијабетес и прават вежби во времетраење од 30 минути во текот на денот губат 5% до 7% од својата телесна тежина (или 4 – 6 килограми) , а со тоа ги намалуваат шансите да заболат од дијабетес за 58%.
Хранете се здраво
– Јадете овошје и зеленчук, а посебно спанаќ, брокула, моркови и боранија
– Јадете храна полна со диетални влакна
– Секогаш избирајте храна од цело зрно наместо преработена. Јадете кафен ориз, наместо бел
Исто така, избегнувајте висококалорична храна. Консумирајте млеко, сирење и кашкавал со ниска масленост и избегнувајте тешки и калорични дресинзи во салатите. Чипсовите и десертите заменете ги со крекери од цело зрно намачкани со путер од кикирики или нискомасно сирење.
Наспијте се
Доколку не спиете доволно, го отежнувате и процесот на губење килограми. Исто така, доколку не сте доволно наспани, вашето тело нема да може ефективно да го искористи инсулинот, а оваа состојба го зголемува ризикот од појава на дијабетес тип 2.
Потрудете се да се придржувате до овие правила. Правилниот избор, менувањето на животните навики и целосното посветување на вашето здравје на крајот можат да ја играат клучната улога во спречувањето на дијабетесот.