Oбојте го здравјето во боите на природата

Природата ни овозможува преку целата година да се храниме правилно, несебично нудејќи ни ги своите прекрасни плодови кои секогаш ни се на дофат. Се работи само за тоа дали сакаме или не сакаме да ги вкусиме во целост придобивките од истите. Треба максимално да ги искористиме сите плодови кои се од есенцијално значење за нашиот организам, со кои ќе му дариме енергија, ќе го нахраниме, ќе го зајакнеме имунитетот, особено во зимскиот период.

Природата ни овозможува преку целата година да се храниме правилно, несебично нудејќи ни ги своите прекрасни плодови кои секогаш ни се на дофат. Се работи само за тоа дали сакаме или не сакаме да ги вкусиме во целост придобивките од истите. Треба максимално да ги искористиме сите плодови кои се од есенцијално значење за нашиот организам, со кои ќе му дариме енергија, ќе го нахраниме, ќе го зајакнеме имунитетот, особено во зимскиот период.

Грижата за себе е од круцијално значење за да се има убав и исполнет живот. Исхраната игра голема улога во комплетирање на тој мозаик. Таа претставува детектор за нашето здравје, енергија, квалитет на живеење. Според начинот на исхрана може точно да се процени колку се грижиме за себе, а согласно тоа и колку сме подложни на одредени заболувања кои не се генетски детерминирани, туку предизвикани од нашиот погрешен избор на продукти и нездравиот начин на подготовка на храната. Задоволство е да се прочита, види, дека во поново време сè поголем број луѓе се трудат, се едуцираат, настојуваат здраво да се хранат.

Консумирајте свежа сезонска храна

Природата ни овозможува преку целата година да се храниме правилно, несебично нудејќи ни ги своите прекрасни плодови кои секогаш ни се на дофат. Се работи само за тоа дали сакаме или не сакаме да ги вкусиме во целост придобивките од истите. Многумина се сведоци дека лошите навики не е лесно да се сменат. Полесно е да посегнеме по нешто што набрзина ќе нè засити, нешто што ќе го подготвиме за десетина минути, не размислувајќи колку лоша услуга си правиме, особено кога се во прашање нашите деца. Или секој нареден пат си  велиме – само уште денес, немам време во моментов за да приготвам нешто здраво. Треба максимално да ги искористиме сите плодови кои се од есенцијално значење за нашиот организам, со кои ќе му дариме енергија, ќе го нахраниме, ќе го зајакнеме имунитетот, особено во зимскиот период. Во зимските месеци мора да се внесуваат витамини и минерали преку консумирање свежа храна, која е сезонска.

Утрото започнете го со цеден сок

Секојдневно, во првиот дел од денот да се јаде свежо овошје, кое исто така може да се зема како цеден сок или да се блендира заедно со зеленчук со што ќе се постигне поубав ефект поради комбинацијата како на витамини така и на минерали кои ги поседува зеленчукот. Не смее да се изостави јаткастото овошје како сировите бадеми, лешници, непечените кикиритки, кои се богати со незаситени масни киселини, минерали од особено значење за организмот.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!