Сведоци сме дека сè почесто гледаме дечиња со зголемена телесна тежина, а главните причини за тоа се недоволното вежбање и неправилната исхрана. За оваа појава најодговорни се родителите, кои треба да бидат пример за своите деца и да ги поттикнуваат да водат здрав живот. Детската дебелина не е само естетски проблем. Истражувањата покажуваат дека децата со зголемена телесна тежина кога ќе пораснат ќе бидат понесигурни и емоционално незрели, со ниска самодоверба. Освен тоа дебелината го зголемува ризикот од појава на заболувања меѓу кои и срцев удар и болести со крвотокот.
Поставете реални цели и не очекувајте детето за една седмица да ослабне. Покажувајте му вежби, носете го на прошетки, возете заедно велосипед и поттикнувајте го да вежба. Запишете го на некој тимски спорт што тоа ќе го избере.
Во текот на денот давајте му три главни оброка и две ужинки. Охрабрете го да јаде свежо овошје и зеленчук, соковите заменете ги со вода, а белиот леб со црн. За ужинка наместо чипсови и кроасани давајте му бадеми, лешници, ореви или суво овошје.
Запомнете, вие сте модел на вашето дете, како вие се однесувате и храните така ќе сака и тоа. Никогаш не ги игнорирајте семејните оброци бидејќи е докажано дека тие влијаат врз намалување на ризикот од дебелина кај децата.
Доколку не можете да се изборите со дебелината и детето наместо да слабее продолжува да ја накачува својата тежина, консултирајте со педијатар.