Дали сте премногу зависни од социјалните мрежи?

Во модерниот свет на технологијата дневно се разменуваат над 500 милиони твитови, а 1.28 милијарди секојдневно ја користат социјалната мрежа фејсбук. Како да дознаете дека вашата опсесија да објавите некоја нова фотографија или да се чекирате на фенси местото каде што го пиете кафето не отишла премногу далеку? Еве неколку ситуации кои не треба да дозволите да ви се случат.

Го уредувате домот и подготвувате вкусен ручек само за да можете фотографијата да ја објавите на инстаграм. Ако одговоривте позитивно на ова прашање можеби е време да прекинете со друштвените мрежи.

Сите ние имаме по некој пријател кој постојано објавува фотографии, локации каде се наоѓа, како се чувствува, што јаде. Да не случајно токму тој пријател сте вие? Дали друштвените мрежи ви го преземаат животот?

Внимавајте, доколку знаете премногу информации за вашите пријатели кои и не ви се толку блиски и тоа е знак за преголема дружба со социјалните медиуми. Уште неколку  симптоми кои водат до зависност кон интернет мрежите се нервоза кога немате пристап на интернет преку вашиот мобилен телефон, проверка на фејсбук додека чекате на семафор или седите на кафе со пријателите.  

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!