Спијте за да се заштитите од деменција

Недостигот на сон доведува до појава на деменција, покажуваат најновите истражувања. Возрасните луѓе кои малку спијат имаат ризик од предвремено стареење на мозокот. Но, покрај стареењето и деменцијата, постои можност од појава и на Алцхајмерова болест. Ризикот постои доколку спиете помалку од шест часа дневно.

Во современото секојдневие, кога луѓето спијат помалку од 6 часа мозокот се намалувал во просек за пет проценти побрзо од другите испитаници во периодот на двегодишното истражување. Како што стареат луѓето, обично помалку спијат и немаат многу свесност за ефектот на должината и квалитетот на спиењето, но сега имаме докази за тоа колку е важно спиењето за правилно функционирање и одржување на мозокот, велат од тимот истражувачи.

Спиењето е активност која е многу важна за здравјето и општото добро на секој човек. Интересно е дека поминуваме четвртина од својот живот во спиење. Запомнете, и мозокот старее па затоа дајте си одмор од секојдневниот стрес и добро одморете се. 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!