Релаксација за целото семејство

Најубавиот дел од денот е времето поминато со семејството. Еве неколку начини како забавно да го поминете времето со своите најблиски.

Најубавиот дел од денот е времето поминато со семејството. Еве неколку начини како забавно да го поминете времето со своите најблиски.

  1. По напорниот работен ден релаксирајте се со семејството и направете една заедничка прошетка. Објаснете им на децата дека прошетката во природа ќе ги опушти, релаксира и зближи.  Најчесто кога сме под стрес се одлучуваме за брза храна, филм и лежење. Сменете ја оваа навика и појдете до најблискиот парк!
  2. Еден ден во неделата издвојте го за друштвени игри со семејството. Играјте монопол, не лути се човече, карти, шах, табла, домино или пикадо. Играта ќе ве опушти и зближи.
  3. Опуштете ги мускулите и вежбајте јога заедно со вашите деца. На интернет каналите има јога и за деца и за возрасни, па можете да вежбате заедно.
  4. Прекријте го подот со стари весници и сликајте заедно со дечињата, бидете креативни и уживајте!
  5. Вежбајте длабоко дишење. Седнете удобно на подот, со затворени очи и земете длабоко воздух преку носот. Оваа вежба ќе ве одмори и опушти.
  6. Секој од нас со радост се сеќава на приказните од детството, убавите цртани филмови и народните приказни. Оваа вечер наместо да гледате сериски филм одлучете се за цртан филм со вашето малечко.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!