Како да бидете паметни, бистри и фокусирани?

Употребувајте го мозокот

Луѓето кои се ментално поактивни се помалку склони на Алцхајмерова болест. Пробајте ги овие техники за трeнирање на мозокот.

–          Читајте книги
–          Слушајте предавања
–          Слушајте радио
–          Играјте компјутерски игри
–          Посетувајте музеи
–          Учете втор јазик

Запрете го стресот! Сега!

Справувањето со стресот и расположението се многу тесно поврзани. Доколку знаете да се справите со стресот нема да дозволите покачување на крвниот притисок, зголемување на нивото на шеќери во крвта итн. Употребете ги овие стратегии за смирување со цел да го запрете стресот.

Следниот пат кога ќе бидете многу нервозни земете гума за џвакање. Според истражувањата, гумите за џвакање ја намалуваат анксиозноста и стресот. Едни велат дека ова се случува бидејќи ритмичкото дејство на џвакањето го подобрува дотокот на крв до мозокот, други, пак, сметаат дека мирисот и вкусот на гумата за џвакање му помагаат на телото да се опушти.

Зошто го губиме апетитот кога сме болни?

На сите ни е добро позната ситуацијата кога телото ќе се предаде на вирусите и бактериите, па во моментите кога му е потребна најмногу енергија и хранливи состојки, едноставно остануваме без апетит и гладуваме. Тогаш дури и највкусната и омилена храна го губи својот вкус.

Една поговорка вели јади кога си настинат, а гладувај кога имаш температура, додека, пак, експертите сметаат дека ниту гладувањето, ниту прејадувањето нема да го забрзаат процесот на заздравување.

Заштитете се од следниве повреди

Останете во игра и научете како да го слушате вашето тело со цел да избегнете повреда.

Повредите кои се јавуваат како резултат на „истрошеност“ на мускулите, тетивите и зглобовите  можат да значат крај за физичката активност на многу луѓе, од професионалните спортисти до аматерите. Постојаниот притисок на овие делови од телото може да доведе до болни колена, изместени потколеници, тениски лакот итн. Сите овие проблеми се случуваат кога пробуваме да направиме премногу, да употребиме преголем напор за многу кратко време. Исто така, недоволниот одмор и слабата опрема можат да доведат до оваа состојба.

Дали ги ставивте под контрола симптомите на алергија?

Доколку постојано го правите алргискиот поздрав (триење со раката надолу нагоре по носот), најверојатно, одговорот е не. Овој потег на ставање на раката на врвот на црвениот и растечен нос е најчеста појава кај децата. Еве уште неколку знаци и причини поврзани со алергиите:

Карцином на дојка – Сè што треба да знаете за здравјето на вашите дојки

Што е тоа карцином на дојка?

Карциномот на дојка потекнува од млечните канали или од клетките што ги обложуваат млечните канали задолжени да ги снабдуваат дојките со млеко. Овој карцином е составен од клетки кoи од разни причини се размножуваат без контола и имаат потенцијал да се шират на други органи. факторите што предизвикуваат карцином на дојка сè уште не се познати.

4 Здрави продукти за кои сте мислеле дека се штетни

Која храна сметате дека ја расипува вашата диета?

Новите истражувања докажале дека одредена храна за која досега се сметало дека е опасна помага во редуцирање на стресот, ги превенира болестите на срцето и ве штити од одредени видови карцином.
За жал, штом една храна ќе се обележи како „лоша за вашето здравје“ речиси е невозможно да се смени мислењето – дури и кога новите истражувања го кажуваат спротивното. Но, вие може да го промените овој тренд. Еве 4 производи кои треба повторно да ги вклучите во вашата диета.

Неколку совети за „подвижно“ семејство

Дајте му важност на фитнесот и направете на сите да им биде возбудлив. Никој нема ни да знае дека се работи за вежба.

На децата и возрасните потребна им е физичката активност. Всушност, возрасните треба да вежбаат 150 минути неделно, а уште повеќе доколку сакаат да загубат некој килограм. Од друга страна, децата треба да бидат активни повеќе од 1 час дневно. Еве неколку совети за поголема семејна „подвижност“.

Живот со епилепсија

Последните истражувања потврдуваат  дека во светот бројот на пациенти со различни форми на епилепсија изнесува  околу 60 милиони. Епилепсијата е универзална болест, постои во секоја  земја и од неа може  да заболи секој човек. Иако во минатото ова беше болест карактеристична само за возрасните луѓе, денеска границата е значително спуштена. Нејзината појава  зависи од возраста, полот, расата, социјалните и географските фактори,развиени или неразвиени земји. Сè за класификацијата на болеста, епилептичните напади, како и дијагнозата и третманот на епилепсиите одговор ни даде специјалистот по неврологија д-р Татјана Чепреганова-Чанговска од Клиничката болница „Аџибадем Систина“. 

5 Митови и вистини за остеопорозата

За жал, многу луѓе за остеопорозата дознаваат откако ќе ја добијат првата фрактура на коските.

Остеопорозата е состојба која се карактеризира со намалување на густината на коскената маса. Ова доведува до намалување на цврстината на коските и појава на скршеници. Како што таа се развива, густината на коските се намалува и тие изгледаат како сунѓер. Бројот на заболени од оваа болест на светско ниво секојдневно се зголемува, па затоа неопходна е превенција.