Л–теанин во борба со стресот и уморот

Аминокиселината  L –теанин  која се наоѓа во зелениот чај има смирувачко дејство и се бори против стресот и уморот. Го ублажува чувството на анксиозност, несоница, депресивните состојби, синдром на хроничен замор и нестабилноста на крвниот притисок. Покрај тоа таа ја засилува концентрацијата и ги подобрува креативните способности. L-теанинот  се шири во меѓуклеточните простори на мозочните клетки. Го засилува имунолошкиот систем и делува како антиоксиданс и како чувар на нервните клетки.

Што е ендометриоза?

Ендометриозата e состојба во која ткивото на матката расте и ги зафаќа другите делови на  телото. Тaа може да ги зафати јајчниците, јајцеводот, надворешниот дел на матката, дебелото црево и други внатрешни регии. Како што доаѓа до хормонални промени за време на менструалните циклуси, ткивото се оштетува и може да предизвика болни атхезии или рани.

ЦЕЛУЛИТОТ главен непријател на многу жени

Повеќето жени го имаат на бутовите, задникот или стомакот. Целулитот е нормална појава, но ако ви пречи можете да преземете чекори за да го спречите.

Вежбајте!

Вежбањето е еден од најдобрите антицелулитни третмани. Доколку вежбате редовно ќе направите силни мускули под нерамните површини со што вашата кожа ќе изгледа многу порамна. Направете убав план кој би вклучил здрава исхрана и постојано вежбање.

Дали имате проблеми со кожата?

Кожата е најголемиот орган на нашето телото. Таа има улога да ја заштити внатрешноста на телото од надворешните влијанија. Составена е од жлезди, крвни садови и нерви кои се битни во одржувањето на нормалните функции на организмот. Многу често се случува разните заболувања и инфекции  да се одразат и на кожата. По одредени испитувања на кожата, докторите полесно можат да го дијагностицираат потеклото на болеста.

Ракот на тестисите најчест кај младата популација

Во најголем процент (над 95 %) туморите на тестисите се со малигни карактеристики и најчесто ја зафаќаат помладата машка популација, до 40-тата година од животот. Поради специфичноста на регијата и органот мажите обично подоцна ја забележуваат промената или за истата молчат и најчесто доцна се јавуваат на лекар. Заради тоа на мажите им советуваме да се јават кај уролог веднаш  штом ќе забележат каква било промена на тестисот. Како и за секоја малигна промена така и за туморите на тестиси најбитна е раната дијагноза  и што порано почнување со соодветна терапија.

Недостиг на железо во крвта

Од сите минерали на луѓето најмногу им недостига железото. Но, недостигот покажува многу мали симптоми, за некои речиси незабележителни. Проблемот со недостиг на железо се решава лесно.

Намаленото количество  на железо доведува до слабокрвност, состојба кога телото не е во можност да произведе доволна количина на хемоглобин, кој е еден од најбитните протеини во нашето тело. Ако ги имате следниве симптоми, нашата препорака е веднаш да се упатите кај вашиот лекар и да направите проверка на крвната слика.

Како да препознаете мозочен удар?

Мозочниот удар е една од најчестите причини за смрт во светот. Оваа состојба е резултат на прскање или блокирање на крвен сад во мозокот, и ако не се лекуваат, клетките во мозокот умираат.

Доколку ги забележите следниве симптоми кај некој од вашите најблиски, тогаш бидете сигурни дека се работи за срцев удар:

Храна која ќе ја „уништи“ вашата диета

Дали ви се случило во моментите кога најмногу внимавате како се храните, вагата да не се помрдне ниту еден милиметар? Ова се случува кога ги следите тврдењата и ветувањата на производителите на храната наместо на нутриционистите.

Најчесто се препорачува да јадете умерено, односно да не ја преполнувате чинијата и да внесувате здрава и разновидна храна. Доколку сакате да ја одржите вашата тежина или да загубите некој килограм, тогаш избегнувајте ја следнава храна.

Што да очекувате во второто тромесечје од бременоста

Влеговте во второто тромесечје, може да се опуштите бидејќи опасноста од спонтан абортус помина. Вашиот стомак од ден за ден сè повеќе ќе расте. Околу 4. месец  ќе почнете да го чувствувате движењето на вашето бебе. Како бебето расте така неговите движења ќе бидат посилни.

Пред 2 месеци вашето бебе претставуваше само група од клетки, а сега веќе има функционални органи, нерви и мускули. Kалендарот на настани кај вашето бебе и кај вассе одвива по следниот редослед:

Чаеви за ублажување на ПМС и менструалните грчеви

Заборавете на трчањето до аптека и виткањето во кревет кога ќе дојде периодот на ПМС и менструалните грчеви. Добра мешавина на чаеви може да биде најдобриот спасител. Меѓу билките кои се употребуваат за овие проблеми обично се нането, камилицата, жалфија, оригано, зелен чај, листови од малина, ѓумбир, босилек, цимет, коприва, луцерка…