Не сакам да одам на училиште

На почетокот од учебната година поголем број деца со нетрпение го очекуваат враќањето во училишните клупи. Но, за жал, некои деца имаат страв од училиште, па почетокот на учебната година за нив и за нивните родители е вистински кошмар. Многу психолози сметаат дека основниот проблем за училишната фобија треба да се бара во односот на родителите кон децата. Во ваквите ситуации најчесто родителите, а не децата се тие на кои им е потребна стручна помош.
Справување со семејство и кариера

Животите на жените се засегнати од ролјите кои ги исполнуваат: на пример, жена, мајка, работничка, лице за нега. Додека одминатите генерации жени ги организирале нивните животи за примарно да се фокусираат на цели поврзани со семејството, модерните жени го прферерираат животниот стил кој е комбинација од работа и семејството.
Салата од лубеница

Потребни состојки:
– 1 чаша тенко исечкан црвен кромид
– 1 лажичка сок од свеж лајм
– 1 лубеница
– 1 чаша сечкано фета сирење
– ½ чаша црни маслинки
– 1 чаша исечкано свежо нане
– 2 лажици маслиново масло
Препознајте ја мигрената

Мигрената е една од најчестите видови главоболки која се јавува периодично. Истражувањата покажуваат дека од овој вид главоболка страда 20 проценти од популацијата.
Честотата е различна во различни климатски делови, а зависи од возраста, полот и начинот на живот. Во детството и кај лицата во трето доба е ретка. Кај жените мигрената се јавува два до трипати почесто отколку кај мажите.
Испрекинатиот сон може лошо да влијае на здравјето

Плачењето на детето, домашните миленичиња, камионот за носење ѓубре, и многу други работи можат да бидат причинители за немирен сон. За многумина солидните осум часа спиење се невозможна мисија, за други, пак, и шестчасовниот сон звучи како фантазија, а најновото истражување вели дека испрекинатиот сон е исто толку нездрав како недоволниот.
Болки во грбот

Болката во грбот е најчеста болка на современиот човек. Колку пати не сте можеле да станете од кревет или да седите на столче сè од една единствена причина – болка во грбот. Речиси секој современ човек денеска страда или почувствувал болка во грбот.
Најчесто таа е последица на лоша положба при спиење, седење, стоење или при нагло движење и подигање товар. Се манифестира како ненадејна, остра, до тапа и константна болка. Олеснителна околност при овој глобален проблем е што по првата епизода на болки во грбот, може да се превенираат или олеснат понатамошните тегоби.
Наспаните деца подобро учат

Наспаните дечиња многу подобро учат, повеќе се концентрирани за време на училишните обврски и знаењето подобро го меморираат. Недостигот на сон може да резултира со заборавеност и расеаност.
Истражувањата покажуваат дека децата што спијат помалку од девет часа се соочуваат со последици во училиште. Повеќето деца на седумгодишна возраст на кои им е скратен сонот, имаат помала способност да комуницираат и да ги решат основните математички задачи.
Зошто некои луѓе се магнет за комарци?

Еве неколку интересни откритија кои ќе ви помогнат да сфатите зошто некои луѓе се магнет за комарци. Ако и вие се чувствувате како цел на сите комарци во околината, додека вашите пријатели мирно си седат и немаат проблем со комарците, можеби сте во право. Околу 20% од луѓето се многу привлечни за комарците. Вашиот метаболизам, како и единствениот хемиски состав на вашето тело игра значајна улога во одредување на привлечноста за комарците. Но, постои и истражување кое покажало дека привлечноста со текот на времето може да се менува.
Вишната – чувар на вашето срце

Сочни, темно црвени и слатко-кисели вишни! Идеални се за освежување во топлите летни денови, но и како додаток за слатките. Но, најновите медицински истражувања покажале дека вишните се и одличен чувар на вашето срце. Плодот од вишната е богат со лековити материи, има голема количина на антиоксиданси и има антивоспалително дејство. Се препорачуваат за подигнување на имунитетот, за спречување на развој на канцер, го намалуваат ризикот од срцеви заболување и артритис, како и грчевите и болките во мускулите.
Бојадисување на косата во бременоста

Едно од често поставуваните прашања кај трудниците е дали и каква козметика треба тие да употребуваат во текот на својата бременост. Стручните лица препорачуваат дека во текот на првите 3 месеци треба да се воздржите од боење на косата или, пак, да користите привремени бои за косата кои не продираат подлабоко. Исто така, може да употребите растителна боја за коса, кна или едноставно само да го промените обликот на фризурата.