Сакатe блескава насмевка?

Секој сака да има убава и блескава насмевка. За жал, тоа не е секогаш возможно по природен пат. Современата естетска стоматологија претставува спој на современа технологија и уметност со кои се добива совршен резултат за краток временски период. Бисерната и здрава насмевка може да ви отвори многу врати, но грижата за неа треба да ја препуштите на професионалци.
Зелен чај, боровинки и банана

Зелениот чај богат со антиоксиданси го прави овој пијалок полн со енергија.
Порции: 1
Состојки:
45 ml вода
1 кесичка зелен чај
2 лажички мед
150 gr замрзнати боровинки
1/2 банана
250 ml млеко од соја и ванила збогатено со калциум
Дали ја знаете разликата меѓу овошје и зеленчук?

Според ботаничарите, овошјето е дел од растението кое се развива од цветот. Исто така, тоа е дел од растението кое во себе ги содржи семките. Другите видови растенија се сметаат за зеленчук. Тие ги вклучуваат стеблото, листовите и корењата – дури и цветот од пупка.
Долунаведените растенија, технички, се овошја:
Авокадо, грав, боранија, пченка, краставица, житарки, јаткасти овошја, маслинки, пиперки, тиква, семе од сончоглед и домати. Во зеленчукот се вклучени: целер (стебло), марула (листови), карфиол и брокули (пупка), цвекло, морков и компир (корен).
Што значат мастите во крвта

На редовните лабораториски анализи докторот ви вели имате холестерол или покачени масти во крвта. Веднаш ви се јавуваат безброј прашалници дали е опасно и што да правите.
Ви даваме одговор на најчестите прашања за холестеролот.
Што е холестерол?
Холестеролот е масна супстанција која во најголем дел се произведува во телото. Ја создава црниот дроб од заситените масти внесени преку исхраната.
Што да јадете ако имате остеопороза

Карактеристично за остеопорозата се тенки и слаби коски кои се склони кон скршеници, особено во делови на колковите и карлицата.
За да ги зачувате вашите коски здрави, треба правилно да се храните. Тоа значи да внесувате храна богата со калциум и витамин Д.
6 начини да останете во топ форма без да потрошите пари

Доколку сакате да бидете во топ форма без притоа да давате пари за вежбање или на личен тренер, не плашете се. Сè што ви е потребно е малку поголема желба и неколку идеи.
Оваа листа на 6 техники за подобрување на вашата физичка состојба е составена од вежби за кои не е потребна скапа опрема.
Храна која го намалува ризикот од мозочен удар

Типот на храна која ја имате на вашето секојдневно мени има голема улога не само во контролирањето на телесната тежина туку и во превенцијата од ненадејни мозочни удари.
Вашиот избор на храна може да го намали ризикот од зголемен холестерол во артериите, а токму тие се главната причина за срцев удар, советуваат лекарите. Здравата исхрана може да ве заштити од мозочен, но и од срцев удар. Тогаш како да го направите вистинскиот избор на храна и да го намалите ризикот од мозочен удар?
Кофеин – колку е доволно?

Кофеинот може да има позитивно влијание на организмот, но исто така може да предизвика и проблеми. Дознајте колку кафиња се премногу и скратете ги дневните дози.
Доколку сте зависни од кофеинот за будење и сила за дневните активности, не сте единствените. Кофеинот го стимулира централниот нервен систем, го ублажува заморот, ја зголемува будноста и ја подобрува концентрацијата.
Користете презерватив

Летните одмори понекогаш можат да ви донесат и сексуално преносливи болести. Се пренесуваат преку сексуален однос без заштита или со често менување на партнерите. Најдобра заштита од сексуално преносливите инфекции овозможува презервативот. Употребата на други контрацептивни методи, како на пример таблети, спирала и сл. не се заштита од овие инфекции.
Најчести сексуално преносливи инфекции се инфекциите Chlamydia, Trichomonas, Gonorrhoea, HSV (herpes simplex virus), HPV (human papiloma virus)
Која е разликата меѓу настинка и алергиски ринит?

Пролет е, температурата расте, а вам носот ви е затнат и ви тече, често кивате, а главата ви тежи. Прво што ќе помислите е дека имате настинка. Но, овие симптоми предупредуваат и за хронично воспаление на носната лигавица – алергискиот ринит. Алергискиот ринитис е хронично воспаление на носната лигавица кое се манифестира со симптоми слични на настинката.
Ваквите симптоми се предизвикани од алергиската реакција на алергени, од кои најчести се: полените, домашниот прав, животинските влакна и сл. Кај дел од пациентите симптомите се присутни во тек на целата година, додека кај други состојбата се влошува во одредени периоди од годината (пролет, есен).