6 вистини за бубрежните камења

На вашиот рутински преглед на ехо на абдомен докторот ви вели имате камења во бубрегот. Во главата ви се вртат многу прашалници. Дали е опасно? Дали ќе се излечите? Што да правите?

Камењата во бубрег се резултат на намален внес на течност. Некои луѓе почесто создаваат камења поради одредени медицински состојби или вродена предиспозиција.

6 совети за здрава тежина во бременост

sistina


Бремени сте – и возбудени сте за вашата нова улога.

Но, со бременоста се јавуваат и многу прашања, најчесто за вишокот килограми. Постојат многу причини зошто треба да одржите здрава телесна тежина за време на бременоста. Но, како да го остварите ова? Започнете со овие шест совети за да бидете здрави вие и вашето бебе.

Водич за повреди на мозокот

Вашиот мозок е добро заштитен од надворешни повреди.

Тој се наоѓа во внатрешноста на главата, заштитен со коскена структура, наречен череп. Исто истотака постојат слоеви на мембрани и течности кои сигурно го чуваат вашиот мозок од повреди. Но, и покрај овој природен шлем вашиот мозок може да биде повреден. Оштетувањата може да бидат сериозни.

7 корисни совети за правилно да трчате

Пролетта е пред нас. Доаѓаат сончевите денови. Облеката е полесна, но видливи стануваат вишокот килограми кои сме ги „заработиле“ во текот на зимата. Време е да тргнете во акција. Најдобар начин повторно да се вратите во форма и да го разбудите вашето тело е трчањето.

Трчањето е наједноставна и најекономична физичка активност со која без гладување ќе ослабете здраво и ќе го затегнете вашето тело. Покрај ова ќе ви годи и престојот во природа на свеж ваздух и на пролетното сонце.

5 ризици од масните наслаги во стомакот

Секој од нас е доволно свесен дека дебелината претставува ризик по здравјето. Но дали знаете дека вишокот масни наслаги во стомакот е дополнителен проблем? Доколку имате поголем обем околу половината, треба да знаете дека имате опасност од:

1. Намалена функција на белите дробови

Досегашните истражувања докажаа дека зголемениот обем околу половината влијае на функцијата на белите дробови.

Како да се ослободите од клемпавите уши?

Естетска хиругија на уши

Клемпавите уши повеќе се психолошки отколку естетски проблем. Лицата со клемпави уши најчесто се предмет на потсмев, особено децата во школска возраст.
Некои родители применуваат екстремни методи за да го коригираат изгледот и обликот на ушите на своите деца. Ставаат стегачи на главата на детето други, пак, се многу поекстремни и ушите на своите деца ги лепат со селотејп.

Митови за акните

sistina

Разрешени осумте најголеми митови за акните

Штом ќе се појават мозолчиња, секако, по нив следуваат и совети за нивно третирање и превенција. Но, овие совети не се секогаш медицински докажани.

Составивме листа од осум најчести мислења кои преовладуваат кога станува збор за акните:

5 едноставни совети зa здрав почеток на денот

sistina

Појадок:

Не го прескокнувајте појадокот – само направете го подобар
Дознајте што дава ви дава енергија, а што прави да паднете во криза за шеќер.

1. Како да го започнете денот

Овошен јогурт или ореви е одличен појадок кој лесно се подготвува и не одзема време, а содржи големо количество протеини. Доколку имате време да зготвите нешто, пробајте омлет во сооднос од 3 спрема 1 на белки со жолчки. На овој начин ќе ги добиете сите придобивки од јајцата без дополнителната доза холестерол.

Не дозволувајте алергиите да ви го уништат сонот

sistina

3 начини да ја спречите алергијата да ви го уништи мирниот сон:

По ден поминат со сите симптоми на алергија, односно чешање и солзење на очите и затнат нос – сѐ што сакате е да легнете и да се наспиете.
За жал, алергиите нѐ следат и во кревет, и поради тоа не можеме да заспиеме.

Проширени вени, естетски и здравствен проблем

sistina

Доаѓа летото. Време е да ги откриете нозете. Но за многумина ова преставува голем проблем поради проширените вени. Зголемени, извиткани и болни површни вени се последица на ослабени и нефункционални венски клапи. По правило тоа се вени на нозете, но може да се појават и на други места во организмот. Оваа состојба се јавува кај 25% од женската и кај 10% од машката популација и претставува проблем не само за болната индивидуа туку е и сериозен здравствен и социјален проблем со оглед на последиците до кои може да доведе.