МИОМИ НА МАТКА – СÈ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ

Миомите (фиброидите) на матката (исто така наречени леомиоми) се бенигни мускулни израстоци на матката, кои во некои случаи можат значително да влијаат врз квалитетот на животот на жената. Д-р Јосиф Ѓорески, специјалист по гинекологија и акушерство, вели дека овие израстоци не се невообичаени и ретко стануваат канцерогени. Тие можат да се појават во различни слоеви […]

ТРЕТ КРАЈНИК КАЈ ДЕЦА – ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ

Третиот крајник, или аденоидите, се мали лимфни ткива лоцирани зад носната празнина, кои играат улога во заштитата од инфекции кај децата. Д-р Македонка Николова Гарванлиева, оториноларинголог објаснува дека иако се корисни во првите години од животот, понекогаш можат да се зголемат и да предизвикаат здравствени проблеми, особено кај децата на возраст од 2 до 10 […]

КАКО ДА ЈА ПРЕПОЗНАЕМЕ И ДА СЕ СПРАВИМЕ СО ДЕТСКАТА ПСИХОЛОШКА ТРАУМА- „МАЛИ СРЦА, ГОЛЕМИ БОЛКИ“

Траумата кај децата се однесува на комплексниот психолошки одговор и реакции на детето од доживување на еден или повеќе стресни настани или искуства, кои се длабоко вознемирувачки, насилни, опасни и емоционално болни и кои го надминуваат детскиот капацитет за справување со ситуацијата. М-р Ивана Хаџиванова, психолог, психотерапевт, објаснува дека стресните трауматски настани или искуства предизвикуваат […]

ПРЕПОЗНАЈТЕ ГИ СИМПТОМИТЕ НА ПОСТПОРОДИЛНА ДЕПРЕСИЈА

Постпородилна депресија е ментално растројство кое се манифестира со емоционални и промени во однесувањето на мајката по породувањето, а се припишува на многу биохемиски и психолошки промени поврзани со породувањето. Д-р Оливера Димова, специјалист по психијатрија, вели дека точната причина за постпородилна депресија не се знае во целост, но голем број истражувања како една од […]

ТУМОРИ НА МОЗОК КАЈ ДЕЦА- СИМПТОМИ, ДИЈАГНОЗА И ТРЕТМАН

Tуморите на мозок кај децата се за трипати поретки отколку туморите на мозокот кај возрасните. Помеѓу 80-85% од туморите кај децата се сместени во задната черепна јама, за разлика од оние кај возрасните каде што најчесто се јавуваат во предната черепна јама. Иако се ретки, сепак, за жал, кај децата, претставуваат најчест причинител на смрт […]

СКРИНИНГ-ТЕСТОВИ ЗА КАРЦИНОМ НА БЕЛИ ДРОБОВИ

Карциномот на белите дробови е втор по застапеност и кај машката популација (по карциномот на простатата) и кај женската популација (по карциномот на дојка). Особена тежина на оваа болест ѝ дава фактот дека предизвикува највисока стапка на смртност кај малигните  заболувања. За илустрација, во САД 1 од 5 починати од сите малигни заболувања се заболени […]

Препознавање, причина и третман на деструктивното однесување на децата

Најпрво, навистина е значајно да се зборува за најраното детство кое е предвесник на бунтовничкото однесување на школските деца и адолесцентите.Со раѓањето на детето, родителите  се првото социјално опкружување за нивните деца, домот е првата социјална единица каде што детето го спознава светот и ја акомодира и асимилира шемата на идното однесување. Сѐ што зборувате, […]

Д-р Маја Стојчевска-Чапова: Развојот на радиологијата на дојка во земјава го сметам за свој голем успех

Динамична, комуникативна, секогаш насмеана, д-р Маја Стојчевска-Чапова вели дека изборот да стане доктор и да им помага на пациентите е она што ја прави среќна. Успешните приказни, особено кога ќе успее да ја добие животната битка со пациентите, се она што ја мотивира и ѝ дава поттик постојано да оди напред. Иако не потекнува од […]

КОИ ЗНАЦИ ПОКАЖУВААТ ДЕКА ТРЕБА ДА СЕ ПОБАРА СТРУЧНА ПОМОШ ОД ДЕФЕКТОЛОГ

Децата често за време на својот развој покажуваат знаци што не одговараат на нормалниот развој за нивната возраст, така што овие знаци ја зголемуваат загриженоста кај нивните родители и семејството дека нешто не е во ред со нивното дете. Дефектологот Бољетин Зенуни, вели дека според неговото искуство, главни знаци кои се повидливи, кои алармираат и […]

ЕНДОМЕТРИОЗА – ПРИЧИНА ЗА НЕПЛОДНОСТ КАЈ ЖЕНИТЕ

Ендометриозата е дефинирана како нормална ендометријална лигавица неприродно имплантирана во секоја друга локација освен во празнинатa на матката. Со други зборови, се работи за болест кога слузницата на матката се појавува, расте и функционира надвор од телото на матката. Вака раселената и вгнездена слузница поминува низ сите фази на еден менструален циклус, исто како и […]