Време е за гинеколог

Посетата на гинеколог, за многу жени претставува стресен чин, но лекарите советуваат дека треба да се победи стравот и редовно да се оди на гинеколог.
Само со редовни гинеколошки прегледи и ПАП-тест, повеќето преканцерозни промени можат многу рано да се откријат и излекуваат, пред да дојде до развој на карцином. Секој карцином кој веќе се развил, со овие скрининг тестови ќе се открие во раните стадиуми, кога е и можно целосно излекување. Гинеколозите од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ советуваат како да се грижите за своето здравје.
Kарцином на дебело црево – Знаете ли кои се симптомите?

Секоја година еден милион луѓе во светот заболуваат од карцином на дебелото црево и ректумот. Популација со највисок ризик за развој на карцином на дебелото црево се лица до 40 години, со семејна анамнеза за полипи или карцином на дебелото црево појавен пред 40-тата година од животот, особено оние со податок за полипи или карцином на дебелото црево во првото или второто колено, вклучувајќи и полусестра или полубрат. Токму затоа докторите советуваат луѓето да прават редовна колоноскопија која е златен стандард за рана дијагноза на промени во дебелото црево. Се за симптомите, дијагнозата и третманот ни откри проф. д-р Васко Василевски, гастроентереохепатолог од Клиничката болница „Аџибадем Систина“.
Некои гени го зголемуваат ризикот од карцином на дојка!

Причини?
Наследен или семеен синдром на карцином на дојката е присутен во 5 или 10% од сите пациенти со карцином. Двата гена БРЦА 1 и БРЦА 2, се одговорни за 80% од наследните заболувања на карцином на дојка. Ризикот од појава на карцином кај жените со БРЦА 1 мутации до 70-годишна возраст е 85%, додека ризикот од карцином на јајчниците е 45%. Ризикот од карцином на дојка со БРЦА 2 генетска мутација е 84%, додека ризикот од карцином на јајчниците е 76%.
Знаци за кои мажите треба гласно да зборуваат

Мажите е најтешко да ги однесете на лекар. Голем број истражувања потврдуваат дека дури 60% од мажите трпат болка, без притоа да се упатат на лекар. Најстрашно е што ги занемаруваат и оние знаци кои може да бидат аларм за почетна фаза на канцер. Ова се најсомнителните знаци кои не треба да ги занемарите.
Знаци што жените не треба да ги игнорираат

Пубертет, месечен циклус, бременост, менопауза… Женското тело постојано се менува. Но, секој од нас совршено го познава своето тело и ги препознава промените што се случуваат. Следете го вашето тело бидејќи некогаш одредени симптоми кои можеби изгледаат нормално може да бидат еден од првите знаци за канцер.
12 март 2015 Интернационален ден на бубрезите – Симптоми на бубрежна болест
Бубрежните заболувања можат да влијаат на сите функции во организмот. Информирајте се за функцијата на бубрезите, ризикот и начинот на превенција од истите.
Ризик фактори за болести на срцето

Атеросклерозата е болест предизвикана од таложење на маснотиите на ѕидот на крвните садови. Последиците од артеросклерозата се сериозни, како миокардниот инфаркт и мозочниот удар.
Во прилог ве советуваме како да ја стопирате атеросклерозта и да го зачувате здравјето на вашето срце:
Ризик фактори за развој на атеросклероза се:
Вродени аномалии на бубрезите и уринарниот тракт кај децата

Вродените аномалии на бубрезите и уринарниот тракт се присутни кај 0,5% бремени жени. Пренатална дијагноза и раните оперативни интервенции овозможуваат брзо решавање на аномалиите, но, сепак, тие се уште главна причина за откажување на работата на бубрезите во рана возраст. Конгениталните абнормалности на бубрезите и уринарниот тракт ги вклучуваат аномалиите на бубрегот, на мочниот меур и уретрата, додека во конгенитални аномалии на долен уринарен тракт спаѓаат конгенитални дефекти на уретер, мочен меур и уретра. На сите прашања поврзани со овој проблем кај децата одговор ни даде д-р Надица Ристоска-Бојковска, педијатар нефролог од Клиничката болница „Аџибадем Систина“.
Како животните навики влијаат на кожата?

Вашата кожа е надворешната обвивка што го заштитува целото тело, но тоа не е сè. Таа е првото нешто што ве претставува пред светот. Кога вие сте здрави, таа е убава и блескава. Изборот го правите самите вие секој ден, затоа внимавајте.
Најважно за децата е што сме тим со родителите

Д-р Душkо Фидановсkи, Педијатриско одделение во „Аџибадем Систина“
Во една од собите на педијатрија во Kлиничката болница „Аџибадем Систина“ ја затeкнавме Ванеса Ѓеорѓиевска, која има осум години и деновиве првпат во својот живот е во болница. Наспроти очекувањата, штом влеговме со собата таа развлече широка насмевка, свежа, наспана, со големи преубави сини очи. Се насмевна и ни рече да влеземе: