Болка, чешање и крвавење се само дел од симптомите кои пациетите ги препишуваат на хемороидите. Но, дали знаете дека постои уште еден виновник со слични симптоми, а тоа се аналните пукнатини.
„Аналните пукнатини се мали расцепи во пределот на анусот. Најчесто се во облик на солза и предизвикуваат болка, крвавење и чешање многу поголемо од тоа кое се јавува кај хемороидите. Постојат акутни форми кои траат неколку дена до неколку недели, додека хроничните форми траат од 8 до 12 недели“, објаснува д-р Тони Јосифовски .