
Контролирајте ја телесната тежина за здрав срцев ритам
Атријалната фибрилација е една од најчестите абнормалности на срцевиот ритам и може да доведе до сериозни проблеми, меѓу кои и мозочен удар.
Оваа состојба е во пораст во последните години, а експертите посочуваат на многу ризик фактори. Една од најважните стратегии за контролирање на овој проблем е одржувањето на телесната тежина.












