Ново истражување – кафето го намалува ризикот од цироза

Деветте изведени студии кои опфатиле дури 430 000 испитаници докажуваат дека пиењето кафе делува поволно врз работата на црниот дроб и доведува до значително намалување на ризикот од развој на цироза.

Појавата на цироза на црниот дроб се јавува како резултат на вирусно заболување (хепатит Б и Ц), а може да се јави и како резултат на прекумерно пиење алкохол и одредени лекарства. Цирозата се развива бавно при што здравото ткиво на бубрегот преминува во сврзно ткиво и како такво не е во можност да ги обработува протеините, хормоните, лековите и токсините. Исто така, се на намалува и способноста за создавање протеини и други супстанци важни за дигестивниот систем и елиминацијата на токсините. Над  еден милион луѓе годишно во светот умираат од оваа болест.

kafe-ciroza

Повеќе кафе, помало оштетување

Осум од деветте спроведени истражувања покажале дека ризикот од појава на оштетување на црниот дроб се намалува со зголемување на бројот на испиени шолји кафе. Кај испитаниците кои пиеле две шолји кафе ризикот за појава на болест на црниот дроб се намалил за 44%, а оние кои пиеле и до четири шолји на ден ризикот се намалил за 65%. Ваквото истражување наведува до заклучок дека колку повеќе кафе пиеме толку повеќе го намалуваме ризикот од појава на цироза. Сè уште не е познато на кој начин кафето го прави ваквиот ефект.

Кафето и црниот дроб

Кафето содржи состојки кои имаат антиоксидантен и антивоспалителен ефект. Сепак, треба да знаете дека пиењето кафе нема да ви помогне да го зачувате црниот дроб здрав доколку имате нездрави навики и прекумерно пиете алкохол. Исто така, кафето може да биде лоша навика доколку го пиете со премногу шеќер и блага крема. Корисно е да испиете две шолји кафе на ден, доколку вашиот организам го толерира.

Ваквото истражување  е добра почетна точка за продлабочување на истражувањата во однос на ефектите на кафето врз здравјето на целокупниот организам и не треба да се сфати како медицински третман на лекување и превенција на цирозата. Кафето само по себе не може да ја излекува цирозата и да биде замена за сите други лоши навики.

Сепак, е позитивна порака за сите нас кои го започнуваме денот со голема шолја кафе.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!