Речиси сите дијабетичари се соочуваат со големи маки кога ќе се најдат пред полна трпеза со храна. Најлошото за нив е тоа што можат само да гледаат бидејќи природата на нивната болест не дозволува да пробаат од сè! Без разлика на кој тип дијабетес се работи, мораат да ги почитуваат правилата и да се хранат здраво, за да не им се влоши состојбата.
Дијабетес тип 1 се јавува кај младите луѓе и нивната исхрана треба да ја следи инсулинската терапија, според времето, составот на оброкот и односот на белковини, масти и јаглехидрати во храната. Овие луѓе мораат да јадат за време на инсулинската терапија, која се дели во повеќе дневни дози. Добро избалансираната исхрана е важна за растот, развојот и здравјето на младите. За секој дијабетичар се прави индивидуална диета, која треба да ги задоволи неговите енергетски потреби.
Мастите се најголемите непријатели на дијабетичарите и доколку не ги исфрлат од исхраната, може да доведат до слепило, болести на срцето или бубрезите. Причина за појава на овие заболувања е секако нарушениот метаболизам на крвта. Избегнувајте маснотии од животинско потекло и путер, а храната подготвувајте ја со растителни масла – маслиново, сончогледово или соино.
Дијабетес тип 2 – овој тип дијабетеси има сосема поинаква терапија и затоа нивната исхрана треба да се разликува од исхраната на заболените од дијабетес тип 1. На овој тип отпаѓаат речиси околу 90 % од сите заболени. Причината за појава на шеќерната болест кај поголем дел од нив е токму зголемената телесна тежина, нарушените масти во крвта и зголемениот крвен притисок. Почесто се јавува кај луѓето над 40. година. Доколку овие пациенти правилно се исхрануваат, ќе имаат подобар резултат. Затоа се препорачува редуцирање на внесот на масти, а треба да се води сметка и за сложените јаглехидарати.
Во менито на дијабетичарите треба редовно да има и риба, како и посни меса.