Симптоми кои треба да се следат по повреда на глава

Како да се препознае која повреда на главата е опасна, односно кои се симптомите што укажуваат дека треба да се бара лекарска помош? Главен симптом е губење на свеста, од неколку секунди до еден час. Можно е кај децата да се јават повраќање, раздразливо однесување или плачење. При пад на глава, кај децата најчесто се јавува и повреда на меките ткива на главата, и тогаш се јавува хематом или џумка. Можно е при пад или удар на главата да се повредат коските, и тие повреди може да бидат во вид на линија, коската да е расцветана или да се појави вдлабнување. Овие фрактури може да бидат опасни, оти е можно крвавење над мозочната обвивка, а можна е фрактура и на основата на черепот, каде што може да дојде и до инфекција на мозочното ткиво или менингитис.

Како да се препознае која повреда на главата е опасна, односно кои се симптомите што укажуваат дека треба да се бара лекарска помош? Главен симптом е губење на свеста, од неколку секунди до еден час. Можно е кај децата да се јават повраќање, раздразливо однесување или плачење. При пад на глава, кај децата најчесто се јавува и повреда на меките ткива на главата, и тогаш се јавува хематом или џумка. Можно е при пад или удар на главата да се повредат коските, и тие повреди може да бидат во вид на линија, коската да е расцветана или да се појави вдлабнување. Овие фрактури може да бидат опасни, оти е можно крвавење над мозочната обвивка, а можна е фрактура и на основата на черепот, каде што може да дојде и до инфекција на мозочното ткиво или менингитис.

Не секоја џумка или фрактура е опасна и не треба да се крева паника, но ако се јават соодветните симптоми, треба веднаш да се побара лекарска помош. Симптомите на повреда на мозокот се: губење на свеста, повраќање, невролошки испади, одземеност на делови од телото, проширена зеница на окото, отежнато дишење, нарушување на пулсот. При загуба на свеста може да дојде и до кома. Во зависност од тоа кој дел од мозокот е зафатен, односно кој центар и колкава е повредата, може да се појави и оток на мозокот, кој уште повеќе го зголемува интеркранијалниот притисок. Во вакви случи повредениот итно треба да се однесе на лекар, при што навремената дијагноза е клучна во лекувањето. Откако ќе се постави дијагноза за каква повреда се работи, треба да се направат и невролошки иследувања, а задолжителна е компјутерска томографија на главата. Тоа е златен стандард во поставувањето дијагноза. Магнетна резонанца за вакви повреди се прави само во исклучителни случаи. Кај малите деца кај кои фонтанелата не е затворена, дијагностика се прави со ехо преглед.

Кои се последиците од вакви повреди?

Последиците од повредите на главата се поделени на примарни и секундарни. Првичните последици настануваат веднаш по повредата на мозокот, каде што мозочното ткиво и крвните садови се истегнати, притиснати или раскинати. Секундарните последици настануваат неколку минути или неколку дена подоцна по настанување на првичните оштетувања. Доаѓа до оштетување на мозочните клетки, влошување на функцијата на мозокот, менување на протокот на крв во мозокот, што може да го намали количеството на кислород во мозочните клетки, оток и зголемен интеркранијален притисок. Покрај овие последици, може да има и доцни последици, кои ќе се јават и по повеќе години, како што е појавата на Алцхајмер. Тоа особено е забележано кај боксерите, кои во текот на кариерата од удари добиле разни повреди на главата и на мозокот. Иако биле санирани тие повреди, на долги патеки може да предизвикаат појава на Алцхајмерова болест, односно атрофија на мозокот.

Каков е третманот за повреда на глава и на мозок?

Клучно за лекувањето е што поскоро да се постави правилна дијагноза и врз основа на тоа се дава и терапија. Прво што треба да се направи при повреди на главата со кои е зафатено и мозочното ткиво е да се намали интеркранијалниот притисок. Ако многу се зголеми тој, пациентот може да не ја преживее повредата. Потоа треба да се овозможи нормален доток на кислород и гликоза во мозокот, односно ако дишните патишта се затворени, да се овозможи нормален проток на кислород, потоа да се нормализира крвниот притисок. Со еден збор, да се ослободи организмот од состојбата на шок во која се наоѓа. Доколку организмот е во шок, таа состојба може да го уништи мозочното ткиво и исходот да биде фатален. Лекувањето некогаш е со медикаменти, но некогаш е потребна и хируршка интервенција. Така, при компресивни хематоми, ако го зголемуваат отокот на мозочното ткиво, а тој оток не може да се повлече со лекови, треба да се оперира. Ако има коски што го притискаат мозочното ткиво, исто така треба да се направи хируршка интервенција, а ако има повреда на мозочната обвивка, и таа треба да се затвори. Дури и модринките што може да се јават на мозочното ткиво треба да се отстранат, бидејќи дополнително може да го зголемат притисокот во мозочното ткиво. Откако ќе се санира повредата, пациентот треба да се транспортира во соодветен центар во зависност каков вид нега и рехабилитација се потребни. Како и за другите заболувања, така и за траумите на главата најдобар лек е превенцијата, односно да се намалат можностите за тешки повреди од пад или од сообраќајна несреќа. Додека се возат во автомобил, луѓето задолжително да стават појас. Ако се на мотор или на велосипед, задолжително да носат кацига. Во бањата да се стави држач за да не се лизне при излегување од кадата и да се стави подлога на подот. Повозрасните да внимаваат при движењето, особено кога се движат по скали.

Сподели:

Останати написи

  • Добивај известувања за новости!