Тегобите во градите не треба да се занемарат ако при напор стануваат посилни

Д-р Оливер Бушлетиќ по податоците на Фондот дека 13.000 лица ги демне инфаркт

Секоја тегоба во градите е аларм дека треба да се направи испитување. Дали е стегање во градите, тежина, печење, притисок, недостиг од воздух, класична градна болка, печење кое се шири кон вратот и долната вилица, или тегоби што се шират кон внатрешната страна на левата рака, тегоби во градите и во предел на желудникот ова се симптоми што можат да бидат поврзани со болест на срцето, советува д-р Оливер Бушљетиќ, кардиолог во „Аџибадем Систина”

Д-р Оливер Бушлетиќ по податоците на Фондот дека 13.000 лица ги демне инфаркт

Секоја тегоба во градите е аларм дека треба да се направи испитување. Дали е стегање во градите, тежина, печење, притисок, недостиг од воздух, класична градна болка, печење кое се шири кон вратот и долната вилица, или тегоби што се шират кон внатрешната страна на левата рака, тегоби во градите и во предел на желудникот ова се симптоми што можат да бидат поврзани со болест на срцето, советува д-р Оливер Бушљетиќ, кардиолог во „Аџибадем Систина”

Како последица на срцево заболување се очекува повеќе од 13.000 лица да имаат фатални последици во наредните 10 години, а многу висок ризик да добијат кардиолошко заболување имаат дури 134.326 лица. Овие алармантни податоци ги откриле матичните лекари по превентивните прегледи направени во овие две години кај лица на возраст од 24 до 65 години. Прегледите, кои се во рамките на превентивните цели на Фондот за здравство, со цел рано откривање кардиоваскуларни, бубрежни заболувања и дијабетес мелитус, откриле и дека висок ризик од бубрежни заболувања имаат 2.600 осигуреници, кај кои се очекува заболување во наредните 10 години, a 1.300 од нив ќе завршат на дијализа. Додека 3.007 лица се со многу висок ризик од дијабетес, а кај 1.503 се очекува и да се развие болеста.

Кардиолозите предупредуваатсекоја тегоба во градите е аларм дека треба да се направи испитување, и, уште позагрижувачки е што се помлади лица дури и оние под 30-годишна возраст се во опасност да заболат и ненадејно да починат од овие заболувања.

Аларм секоја тегоба во градите

По овие предупредувачки податоци, на прашањето кога треба да се оди на преглед кај кардиолог за да се поштедиме од непријатни изненадувања, дури и фатални последици, кардиолозите од Клиничката болница „Аџибадем Систина” во Скопје објаснуваат:

– Секоја тегоба во градите е аларм дека треба да се направи испитување. Дали е стегање во градите, тежина, печење, притисок, недостиг од воздух, класична градна болка, печење кое се шири кон вратот и долната вилица или тегоби што се шират кон внатрешната страна на левата рака, тегоби во градите и во предел на желудникот се симптоми што можат да бидат поврзани со болест на срцето. Важно е што нема типичен симптом за срцево страдање. Манифестацијата субјективно може да ја чувствуваме многу различно. Особено, овие симптоми се важни и не смеат да се занемарат ако при напор стануваат поинтензивни.

Се повеќе висок притисок и кај тинејџери

Тој додава дека најчесто кај пациентите што се без значајни тегоби и доаѓаат на превентивен кардиолошки преглед, откриваат висок крвен притисок.

– Пациентот едноставно се навикнал, па и од таа причина крвниот притисок е опасен, што не се контролира и лекува правилно. А токму тој покачен крвен притисок е опасност за целиот организам. Наоѓаме и покачени вредности на шеќер во крвта, масти. Нас како доктори не радува што имаме повик и барања за прегледи од млади луѓе, затоа што појавата на срцевите заболувања е се почеста, за жал, и кај помладите. Срцевиот удар и високиот крвен притисок не се само болести на постарата популација, имаме случаи на срцеви удари и кај лица помлади од 30 години, кои дотогаш биле без никакви тегоби. Имаме се повеќе случаи на висок крвен притисок кај тинејџери поврзано со слабата физичка неактивност, лошиот начин на исхрана и се поголемиот проблем на зголемена телесна тежина кај младите – вели д-р Бушљетиќ.

Многумина со прекумерна тежина

Според резултатите од превентивните прегледи, кои завчера ги презентираа директорите на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Сашо Стефаноски и Орхан Рамадани, прекумерна тежина имаат 14,3 отсто (82.852 лица) од испитаните лица, кај 4,39 отсто (28.783 лица) во урината се пронајдени протеини, што е еден од знаците за нефролошко заболување, а кај 3,86 (14.753 лица) со ЕКГ е откриена неправилна работа на срцето.

Биле прегледани осигурениците на возраст од 14 до 65-годишна возраст. Таргетирани беа 1,3 милион осигуреници, од кои обработени се податоци за 655.002 осигуреници, што изнесува 52 отсто од вкупната бројка.

Новина е што во следните две години превентивни прегледи ќе треба да спроведат и педијатрите.

Постарите од 40 години на контрола барем еднаш на две години

Средната генерација лицата што се помеѓу 40 и 50 години многу почесто доаѓаат на превентивни кардиолошки прегледи, луѓе што чувствуваат грижа за своето семејство и се под голем професионален стрес, но и се во години кога се јавуваат првите срцеви заболувања. Ги советувам луѓето над 40-тата година да прават контроли еднаш на две до три години, над 50-тата се препорачува еднаш годишно. Ако има ризик-фактор како висок крвен притисок, шеќерна болест, зголемена телесна тежина, масти, во тој случај треба да се почне со овие превентивни прегледи на срцето многу порано и да се прават еднаш годишно. Младите, кај кои е тренд вежбањето во теретана, да направат барем основен преглед од ЕКГ, крвен притисок, крвна слика – нагласува д-р Бушљетиќ.

Извор: Дневник

 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!