УВ зраците демнат и кога не сте под сонце

Многумина од нас веруваат дека сончевите зраци имаат штетно влијание врз кожата само ако директно сме изложени на сонце. Постојат три типа на УВ зраци. УВА зраците продираат во најдлабоките слоеви на кожата при што се постигнува темнеење на постоечкиот меланин (пигмент). УВБ зраците се главните причинители на изгореници и црвенила на кожата. УВБ зраците поттикнуваат создавање нов меланин. УВЦ зраците не се пробиваат подалеку од озонската обвивка и не навлегуваат во атмосферата, па оттаму и немаат никакво влијание врз здравјето на кожата.

УВ зраците му помагаат на организмот во создавањето на витаминот Д, но претераното изложување на сонце има канцерогено влијание врз вашата кожа. Се смета дека УВБ зраците се најопасните зраци кога станува збор здравјето на кожата. Најголем интензитет на овие зраци е помеѓу 10 и 16 часот во текот на денот.

УВА зраците се одговорни за кафените дамки, пигментации, брчки и канцер на кожата . Нивниот интензитет е ист за време на дневната светлина во текот на целата година . Допираат до нас преку прозорите во вашиот дом и канцеларија и преку очилата за сонце. Секојдневното изложување на УВА зраците доведува до бавно но сигурно оштетување на кожата. УВА зраците не може да предизвикаат изгореници туку само оштетување на кожата. За да ја зачувате кожата здрава и убава обидете се да ги избегнувате УВА зраците колку што можете, особено ако имате светла кожа. Колку што имате посветла кожа толку имате помала природна заштита од сонце.

Заштитната крема не нè штити од УВА зраците

Повеќето креми со заштитен фактор ја заштитуваат кожата од УВБ зраците (факторот за заштита се однесува на заштита од овие зраци), но никаде не е наведен факторот на заштита од УВА зраците. На некои од кремите може да пишува дека имаат широк спектар на делување но во суштина тоа не значи никаква дополнителна заштита.

Цинкот е најдобра заштита од УВ зраците

Се смета дека само цинкот има добар ефект во блокирањето на УВБ и УВА зраците. Концентрацијата на цинк зависи од тоа колку време ќе поминете директно изложени на сончевите зраци.  

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!