Што треба да одбегнувате ако сте алергични на глутен

Безглутенската диета е од големо значење за лицата што имаат нетолеранција или, пак, се алергични на овој протеин. Доколку поради која било причина сте одлучиле да се храните со намирници што не содржат глутен, треба да бидете многу внимателни во изборот на храна бидејќи голем број од продуктите содржат „скриен“ глутен.

Безглутенската диета е од големо значење за лицата што имаат нетолеранција или, пак, се алергични на овој протеин. Доколку поради која било причина сте одлучиле да се храните со намирници што не содржат глутен, треба да бидете многу внимателни во изборот на храна бидејќи голем број од продуктите содржат „скриен“ глутен.

Барајте ги „gluten free“ етикетите

Во супермаркет внимателно одбирајте ги намирниците. Производителите на храна денеска сè почесто ставаат етикети на намирниците кои не содржат глутен. На тој начин ќе си го олесните пазарењето и ќе бидете сигурни дека нема да внесете глутен.

Најтешкиот чекор е да се збогувате со лебот

Доколку го избегнувате глутенот, тогаш лебот направен со бело брашно е забранет во исхраната. Но, не е толку страшно. Бидејќи станува збор за долгорочен, некогаш и доживотен начин на исхрана без глутен, научете како може да подготвите леб со пченкарно, оризово и други видови безглутенско брашно. Или, пак, појдете во најблискиот супермаркет или продавница за здрава храна и купете безглутенски леб.

Најголемиот дел од житарките содржат глутен

Најчесто употребуваните житарици кои ги јадеме за појадок содржат глутен. Но, и за нив постои здрава замена – пробајте просо, хељда, амарант, киноа… Овие житарици покрај тоа што не содржат глутен богати се со многу витамини и железо. Направете си пуканки. Одлични се за во друштво, а се многу здрави и, секако, полезни за вас.

Стандардните тестенини содржат глутен

Ако за момент помисливте дека ќе мора да се откажете од макарони, шпагети и друг вид тестенини, не очајувајте. Денеска постојат тестенини направени на база на неглутенско брашно кои можете слободно да ги јадете и да ги комбинирате со вашето омилено сирење.

Пивото содржи глутен

Дали знаевте дека пивото е забрането во безглутенската диета? Јачменовиот слад кој го има во пивото е причината поради која не треба да биде избор за пијалак. Наместо тоа, изберете добро вино и наздравете.

Што да нарачате во ресторан?

Домашното мени го контролирате вие, внимателно избирајќи ги сите намирници. Но, сега сте во ресторан. Не срамете се гласно да го кажете вашиот начин на исхрана, и советувајте се со келнерот при изборот на јадење кое со сигурност нема да содржи глутен

Можете да уживате во храната и без глутен

Нетолеранцијата или алергијата на глутен не значи дека ќе останете без голем избор во исхраната. Уживајте јадејќи риба, месо, јајца, сите видови овошје и зеленчук, како и млечни продукти.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!