Што значи антистрептолизински тест (АCO)?

Антистрептолизинскиот тест (ASO) е тест кој ги покажува антителата создадени против стрептолизин О, ензим што го произведуваат бактериите од родот Streptococcus, група А.

М-р д-р Бети Ѓуркова-Ангеловска, специјалист по педијатрија и супспецијалист по педијатриска кардиологија, вели дека антистрептолизинскиот тест (ASO) се користи за потврдување неодамнешна стрептококна инфекција и е од големо значење во дијагностицирањето на постстрептококните компликации, како што се ревматската треска и гломерулонефритисот.

Значење на резултатот

  • Негативен/нормален резултат: не укажува на неодамнешна инфекција.
  • Позитивен/висок резултат: укажува на неодамнешна изложеност на бактеријата или инфекција, но не е доказ дека инфекцијата е активна во моментот или дека постојат компликации.
  • За проценка на неодамнешна инфекција, корисно е да се направат две мерења во интервал од две недели и да се следи дали титарот се зголемува.
  • Висок титар може да се одржува од неколку недели до неколку месеци по инфекцијата.

Сподели:

Останати написи

  • Добивај известувања за новости!