Секој од нас има свој генетски код, свој начин на живот и водење на истиот. За да ги дознаете вашите ризик фактори најдобро е да погледнете во вашата семејна историја. Дали некој од вашето семејство има канцер или друго хронично заболување? Овие податоци дополнети со вашата здравствена историја ќе ви дадат јасна слика за вашите ризик фактори. Во продолжение следат генералните ризик фактори за клучни органи и системи.
Дојки
Едни од главните ризик фактори за карцином на дојки се: возраста, семејна историја на карцином на дојки, присуство на грутки во дојките пред 12 години или менопауза по 55 година, доколку не сте биле бремени или прва бременост по 30 години, угоеност или нагло зголемување на тежината, генетска мутација на BRCA1 и BRCA2 генот, физичка неактивност…
Дебело црево
Возраста (најчесто по 50. година), присуство на полипи на лигавицата на дебелото црево, семејна историја на канцер на дебело црево или полипи, често консумирање црвено месо и сувомеснати производи, слаб внес на овошје и зеленчук, физичка неактивност, цигари, алкохол и угоеност.
Простата
Возраста, семејна историја на канцер на простата, угоеност, внесувањето на голема количина масти од животинско потекло во исхраната и црвено месо.
Јајчници
Семејна историја на канцер на јајчници, мутација на генот BRCA1 и BRCA2, доколку не сте биле бремени, неплодност…
Кожа
Над 50 бенки на телото, промена на бенки, семејна историја на меланом, генетски синдроми на сензитивност на УВ зраците, преголема изложеност на УВ зраци без заштита, солариум, изгореници на сонце, пред канцерозна состојба на кожа …
Црн дроб
Хроничен хепатит Б или цироза на црн дроб, состојби кои можат да го зголемат ризикот за цироза на црн дроб како што се хроничен хепатит Ц, метаболно заболување, автоимун хепатит и не-алкохолен синдром на замастен црн дроб (NAFLD).
Бели дробови
Цигари, семејна историја на карцином на белите дробови, доколку сте имале канцер на бели дробови, изложеност на радијација и супстанци како радон, хром, никел, азбест, радиотерапија на дојки, загаденост на воздухот, пасивно пушење, болести на белите дробови (туберколоза).
Запознајте ја семејната историја
Повеќето видови канцер не се наследни, но постои генетска предиспозиција за нив. Денес, како резултат на процесот на дешифрирање на нашите гени почнува да се сфаќа односот меѓу одредени гени и карактеристиките штонè разликуваат од другите луѓе и интеракцијата на овие гени со храната и со еколошките фактори.
Идентификацијата на генетските мутации добива особено значење во дијагнозата на многу болести, чиј број се зголемува од ден на ден. Канцерот е една од овие болести. Канцерот се формира со мутација на голем број гени во иста клетка преку долг временски период и резултира со нивен неконтролиран раст.
Кои се генералните фактори на ризик?
Главните фактори на ризик се: начин на живеење, еколошки фактори, биолошки карактеристики или наследни особини. Сите овие фактори придонесуваат за мутација на гените и со тоа доаѓа до развој на канцер. Накратко, ризици поврзани со стилот на живот се пушењето, навиките за исхрана и физичката активност. Изложувањето на сончевите зраци и на чад (пасивно пушење), радонот во домот или канцеларијата, материјалите како азбест, пестицидите и вирусите и бактериите се категоризираат како еколошки фактори на ризик. Возраста, полот и бојата на кожата се сметаат за биолошки ризици. Висок ризик од канцер поради наследни генетски дефекти има во следните ситуации: доколку имате членови на семејството кои добиле канцер на релативно рана возраст, доколку истиот тип канцер е присутен во три генерации на семејството, доколку три члена на семејството од истата страна на семејството имаат ист вид канцер или, пак, доколку член на семејството има повеќе од еден вид канцер. Од друга страна, наследните особини, исто така, може да го спречат формирањето канцер. Накратко, интеракцијата на низа гени и на разни фактори на ризик определуваат дали некое лице ќе заболи од канцер.