Заштитете се вие и вашето семејство од труење со салмонела

Начинот на кој ја подготвувате храната, контактот со животни кои може да бидат потенцијален извор на салмонела и јадење на храна од сомнително потекло може да биде една од главните причини за труење со салмонела. 

Салмонелата е бактерија која го напаѓа цревниот систем и предизвикува труење со храна. Симптомите може да бидат благи, но во одредени случаи труењето е толку опасно што може да биде и животозагрозувачко.Прочитајте ги нашите совети за тоа како да се заштитите вие и вашето семејство од труење со оваа опасна бактерија.

Извор на салмонела

Извор на салмонелата може да биде храната од животинско потекло како месо, јајца, млеко и млечни производи. Морските плодови истотака се еден од изворите на бактеријата. Но не значи дека ја нема и во овошјето и зеленчукот. Честопати како главен извор на салмонелата е мајонезот, сладолед и слични продукти особено во летниот период доколку  не се чуваат на соодветна температура.

Храната која е правилно измиена и термички обработена е безбедна за јадење

Практикувајте секогаш добро да ги измиете овошјето и зеленчукот пред секој оброк. Избегнувајте храна која има сомнителен изглед и вкус, а посебно избегнувајте ја храната која може да биде извор на салмонела за време на епидемија. Правилната термичка обработка на храната е идеална заштита од салмонелата.

Клучни совети за заштита

  • Измијте ги темелно рацете пред и по подготовка на храната.
  • Мијте ги овошјето и зеленчукот под проточна вода, не ги потопувајте во сад.
  • Бидете сигурни дека подлогата на која ја подготвувате храната е чиста.

Животните може да бидат извор на салмонела

Фецесот на животните кои се зарзени со салмонела може да биде потенцијален извор на зараза. Задолжително измијте ги темелно рацете по секој контакт со животно. Ова особено важи за децата кои немаат навика често да ги мијат рацете. 

Симптоми и третман

Болки во стомакот, дијареа и висока температура се главните симптоми на труењето со салмонела. Најчесто се јавуваат 12 до 72 часа по јадењето на заразената храна. Третманот се одвива зависно од тежината на симптомите, општата состојба и возраста. Труењето може да биде фатално особено кај малите деца.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!