Јазли во тироидната жлезда

Тироидните јазли може да се појават во различен период од животот, кај двата пола и на која било возраст, но кај околу 50 проценти од луѓето на возраст над 40 години и често не претставуваат сериозен здравствен проблем. Не треба веднаш да паничите доколку вашиот лекар ви каже дека имате јазол во тироидната жлезда. Оваа грутка во тироидната жлезда е честа појава, и во ретки случаи е канцерогена. Повеќето јазли не можат да се почувствуваат со палпација на вратот туку се откриваат со ехо преглед. Прочитајте во кои случаи тироидните јазли бараат посебно внимание и дополнителен преглед и третман:

1. Семејна или лична историја на канцер

Ако имате близок член во семејството, кој боледувал од канцер на тироидна жлезда, или доколку пациентот се лекувал од кој било вид канцер, потребно е да се направи тенко иглена биопсија на јазолот. Исто така, ако пациентот некогаш бил изложен на јонизирачко зрачење во пределот на главата или вратот има поголем ризик од карцином на тироидната жлезда. Во случај да се потврди дека јазолот е малигнен, пациентот треба да се оперира при што во најголем број случаи се отстранува целата тироидна жлезда. Доколку болеста е проширена се отстрануваат и околните лимфни јазли, а потоа според стадиумот на болеста и типот на тироидниот канцер следи проценка за понатамошна терапија со радиоактивен јод.

2. Јазолот предизвикува опструкција

Ако јазолот е голем може да прави притисок на душникот или хранопроводникот и да предизвикува отежнато дишење или голтање. Може да влијае и на гласните жици па да се појави и промена во гласот. Во овие случаи потребно е хируршки да се отстрани.

3. Јазолот предизвикува хипертиреоидизам

Ако јазолот е хормонално активен, и лачи повеќе тироидни хормони, може да доведе до хипертироидизам, болест која се манифестира со:

  • Забрзан и неправилен срцев ритам
  • Зголемено потење
  • Несоница
  • Нејасно губење на тежината
  • Чести течни столици
  • Мускулна слабост
  • Раздразливост

4. Јазолот има козметички ефект

Понекогаш јазлите не предизвикуваат сериозни проблеми, но се видливи од предната страна, во долниот дел на вратот. Ова може да им пречи на пациентите од козметичка гледна точка. Во овој случај ако јазолот е циста, докторот може со тенка игла да ја извади течноста. Но, ова не е трајно решение бидејќи во внатрешноста на јазолот може повторно да се акумулира течност. Тогаш решение е оперативно отстранување на јазолот.

Редовни контроли

Доколку ви е дијагностициран јазол, потребно е барем еднаш годишно да се направи лекарски прегледи за да се следи состојбата. Покрај ехо се прават и лабораториски испитувања за вредностите на тироидните хормони, а по потреба и скенирање на тироидната жлезда со радиоизотоп. Јазлите кои се појавиле како бенигни, многу ретко стануваат малигни. Меѓутоа, периодично, заради претпазливост, ќе бидат потребни и биопсии ако јазлите постојано растат.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!