Зошто треба да пешачите

Пешачењето го намалува стресот, го подобрува расположението и ја подигнува самодовербата. Најчесто кога сме лути и нервозни, сакаме да излеземе од дома и да се смириме пешачејќи. И сигурно ви се случило по кратката прошетка да се вратите дома посмирени и посвежи. Токму тоа се придобивките од пешачењето – намалување на стресот. Исто така, многу истражувања велат дека пешачењето влијае и врз доброто расположение поради фактот дека во телото се ослободува природниот хормон ендорфин.

Додека пешачите губите килограми

Пешачењето е една од најдобрите „вежби“ за намалување на вашата тежина. Лесно се изведува,  бесплатно е, и зошто да не го правите секој ден по пола час? За почеток доволни ви се 20-минутни кратки прошетки дневно.

Редовното пешачење го намалува крвниот притисок, го подобрува сонот и ви дава енергија

Луѓето кои редовно прават кратки прошетки имаат многу придобивки врз здравјето: помалку подлежат на срцеви и мозочни удари, имаат понизок крвен притисок и повисоко ниво на здрав холестерол отколку оние кои не вежбаат. Рековме дека оваа активност го регулира крвниот притисок и го намалува „лошиот“ холестерол, а со тоа се намалува ризикот од заболување од многу видови канцер. Воедно се подобруваат и функциите на имунолошкиот систем. Освен тоа, пешачењето ви го подобрува сонот и ве држи свежи во текот на целиот ден.

Техники за подолго пешачење

Една од техниките за подолго пешачење е да имате увид за тоа колку чекори правите. Можете да набавите педометар и секојдневно да ја зголемувате дневната маршрута и да правите повеќе чекори. Не шетајте сами, викнете си друштво –ова е најдоброто решение за идеална прошетка. На овој начин, напорот е помал, а задоволството огромно.

Прошетката ви ја згаснува желбата за слатка храна

Следниот пат, кога ќе ви дојде добро познатиот нагон за чоколадо, прошетајте. Кратката прошетка од 15 минути ќе ви ја згасне желбата за јадење  калорична, мрсна и зашеќерена храна во моментот додека пешачите и 10 минути потоа. Ова е уште еден показател дека пешачењето добро влијае врз намалувањето на килограмите.

Сподели:

Останати написи

  • Добивај известувања за новости!