Правилната исхрана, вежбите и сиот напор што го вложувате во здравјето нема да дадат видливи резултати доколку не е придружено со здрав и добар сон од најмалку 7 часа. Ставете го сонот како приоритет бидејќи само добро одморен организам може да функционира здраво.
Колку часа сон ни се потребни?
Ќе се согласите дека се чувствувате свежо и одморено по добар и цврст сон. Според истражувањето спроведено во времетраење од две години, формирани се 9 групи на луѓе со точно одредени препораки за неопходни часа сон:
| 
 Возраст  | 
 Потребни часа сон  | 
| 
 Возрасни лица над 65 години  | 
 7-8 часа  | 
| 
 Возрасни 26-64 години  | 
 7-9 часа  | 
| 
 Возрасни 18-25 години  | 
 7-9 часа  | 
| 
 Тинејџери 14-17 години  | 
 8-10 часа  | 
| 
 Тинејџери 6-13 години  | 
 9-11 часа  | 
| 
 Претшколски деца 3-5 години  | 
 10-13 часа  | 
| 
 Деца 1-2 години  | 
 11- 14 часа  | 
| 
 Бебиња 4-11 месеци  | 
 12-15 часа  | 
| 
 Новороденче 0-3 месеци  | 
 14-17 часа  | 
Што се случува со телото кога не сте наспани?
Без разлика на возраста, докторите препорачуваат најмалку 7 часа одмор и сон. Доколку имате нередовен сон тогаш може да се соочите со: нарушена меморија и концентрација, променливо однесување, поголема склоност на стрес. Сообраќајните несреќи се уште еден ризик.
Ова се краткорочни проблеми, но доколку сериозно се соочувате со несоница тогаш многу е веројатно да се соочите со посериозни нарушувања како висок крвен притисок, дијабетес, срцев удар, мозочен удар, дебелина, депресија и намалување на сексуалната желба. Хроничната несоница може да предизвика и промени на вашиот изглед со појава на темни кругови под очите и брчки.
								
								
															
		
		

