Кофеинот лекува, но и предизвикува главоболка

Секој од нас одвреме-навреме се жали на главоболка. Сте размислиле ли дали кофеинот може да биде причина за главоболката или, пак, дека токму кофеинот ви помага да се ослободите од напнатоста? Истражувањата покажале дека кофеинот има двојна улога, помага, но може да биде и причина за главоболка.

Секој од нас одвреме-навреме се жали на главоболка. Сте размислиле ли дали кофеинот може да биде причина за главоболката или, пак, дека токму кофеинот ви помага да се ослободите од напнатоста? Истражувањата покажале дека кофеинот има двојна улога, помага, но може да биде и причина за главоболка.

Како кофеинот помага при главоболка?

Кога имате главоболка, правите сè што е во ваша моќ што побргу да исчезне чувството на притисок и напнатост во главата. Без разлика за каков тип главоболка се работи, кофеинот може да ви помогне.  Кофеинот како состојка е присутен во голем број лекови наменети за ослободување на болката. Присуството на кофеинот ги прави овие лекови за 40% поефективни во ослободување на болката. Без разлика кој вид аналгетик ќе земете, комбиниран со кофеинот тој ќе делува многу подобро. Во одредени случаи главоболката може да помине и само со пиење кафе. Кофеинот помага во намалување на воспалението и со тоа ве ослободува од болката.

Кога кофеинот боли

Иако е чудно, но она што го прави кофеинот ефективен лек за главоболка, може да биде и причина едно испиено кафе да предизвика  главоболка. Бидејќи кофеинот ги стеснува крвните садови, кога ќе престанете да го пиете, крвните садови се враќаат во првобитната состојба и тоа може да предизвика болка. Она што може да предизвика главоболка, а е поврзано со кофеинот, се јавува кога ќе престанете да го внесувате во телото. Тоа е исто како со земањето на лековите за болка, кога ќе престанете да ги пиете болката станува поинтензивна.

Како да си помогнете кога имате главоболка?

Забележите сами како кофеинот делува на вас и колку кофеин ви е доволно во текот на денот. Доколку често имате главоболка, тогаш пробајте да го намалите внесот на кофеин, или исклучете го целосно. Најдобро е тоа да го направите постепено. Ако вообичаено пиете две кафиња, намалете на само едно.

Видете што најдобро ви помага кога имате главоболка. Важно е да си обезбедите добар сон и да пиете многу вода. Здравата исхрана и редовното вежбање исто така може да помогнат во намалување на појавата на  главоболка. Друг совет кој со сигурност ќе го слушнете од вашиот лекар е да ги избегнувате стресните состојби. Масажата, медитација и други техники на релаксација се добредојдени и секогаш се подобра алтернатива во замена на лекови или кофеин.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!