Во пеколните горештини влегувањето во изладена просторија ве опушта. Веднаш штом влезете во вашиот дом се фаќате за далечинскиот управувач на клима уредот. Но при ниски температури, климата може да ве разболи. Во летниот период значително се зголемува употребата на клима уредите. И веќе, речиси во секој дом, работно место, автомобил се наоѓа клима уред. И ние имајќи корист од трите, целиме да оформиме синџир од клима уреди и колку што е можно без прекин да го поминеме нашето време во изладен простор.
Климата ја намалува и влажноста
Еден од најнездравите услови на воздухот е влажен и топол воздух. Клима уредот додека ја намалува температурата, тој исто така ја намалува и влажноста. Но не треба да се заборави дека колку што изложеноста на топол и влажен воздух е нездрава, исто толку штетно е и долгото директно влијание на клима уредот врз телото. Една од најголемите грешки што се прават во топлите летни денови е брзиот премин од многу топла средина во многу ладна. Ова може да биде опасно за здравјето на луѓето. Ненадејниот топол и ладен воздушен бран може да го зголеми ризикот од срцев удар. Исто така, различните воздушни струења може да предизвикаат напад на мигрена.
Температура предизвикана од клима уред
Клима уредот може да предизвика слабост и висока температура.Температурата предизвикана од клима уред не значи дека имате инфекција. Тоа е состојба при која што организмот е преосетлив на разни бактерии. Оваа болест е резултат на различни бактерии и габи или нивни разни токсини кои настануваат во резервоарот за вода на клима уредите и сличните апарати и кои преку воздухот се таложат во нашите бели дробови. Температурата предизвикана од клима уред почнува како инфламаторно заболување неколку часа по изложувањето. Кај луѓето се забележуваат симптоми како висока температура, треска, болки во мускулите и зглобовите, замор, инфекции на горниот респираторен тракт и слично. Општата терапија е лек против болка и соодветна употреба на клима уредот при што состојбата се подобрува за неколку дена. Доколку состојбата се влоши треба да го консултирате вашиот лекар.
Лошите влијанија на клима уредите
Невнимателна употреба на клима уредите може да доведе до замор, главоболки, вкочанетост на вратот и грбот, како и сериозни проблеми како што е легионелата предизвикана од бактерии. Нарушувања предизвикани од клима уредите:
Општи нарушувања: слабост, замор.
Нарушувања поврзани со нервниот систем: главоболка, недостиг на концентрација, мигрена, парализа на лицето.
Нарушувања на мускулно-скелетниот систем: вкочанетост на вратот, грбот, болно и отежнато движење (најчесто ги зафаќа областите што се најмногу изложени на директна климатизација).
Инфекции и слични нарушувања: ненадеен колапс на имунолошкиот систем и негово недобро работење како резултат на нагли промени на температурата настанати поради клима уредот. Исто така микроорганизмите со кои се соочува телото настанати поради системите за климатизација и вентилација предизвикуваат болести како Legionella pneumophila. Исто така може да се забележат инфекции на увото и синус инфекции.
Други проблеми со респираторниот систем: Луѓе кои имаат алергиска астма, хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ) се повеќе чувствителни на ненадејна промена на топло и ладно. Кај овие луѓе може да настане напад на астма.
Овие проблеми може да се избегнат имајќи предвид неколку работи при употреба на клима уредот. А тоа се:
- При употреба на клима уред температурата во просторијата треба постепено да се намалува.
- Не треба да сте директно изложени на клима уредот. Клима уредот никогаш не треба да биде во директен контакт со телото. Не заборавајте дека задачата на клима уредот е да го излади просторот, а не вас.
- Не смее да се занемари чистотата на клима уредот. На почеток на пролет и есен повикајте некој надлежен за одржување на климата. Кога клима уредот не се одржува соодветно, температурата и влажноста на просторот е помала или поголема од посакуваното. Исто така бактериите насобрани во филтерот може да бидат основа за многу заразни болести.
- Бидете внимателни кога ја користите климата во вашиот автомобил. Екстремните температури и влажноста може да ја нарушат ко
нцентрацијата и реакциите на возачите. Ова влијание е особено поизразено при метеж или долги патувања. Затоа внимателно употребувајте ја климата во вашиот автомобил.