Панични напади и начини за нивно надминување

Основна карактеристика на т.н панично растројство се повратните напади на силна напнатост која прераснува во паника, без за тоа да постои видлива, реална причина. Ваквите состојби можат да се јават кај секого и во секое време. Сепак, кај лицата кои страдаат од ова растројство можат да се пронајдат многу сличности во однос на нивните карактерни црти.

Основна карактеристика на т.н панично растројство се повратните напади на силна напнатост која прераснува во паника, без за тоа да постои видлива, реална причина. Ваквите состојби можат да се јават кај секого и во секое време. Сепак, кај лицата кои страдаат од ова растројство можат да се пронајдат многу сличности во однос на нивните карактерни црти.

Кои се симптомите на панични напади?

Доминантни симптоми се изразено срцебиење, болки во градите, чувство на задушување, вртоглавица, чувство на нереалност, придружено со страв од смрт, губење контрола, паѓање во несвест или полудување. Симптомите можат да се манифестираат и како болка или грч во пределот на желудникот, која бргу се шири во пределот на глава и вратот. Како чести придружни симптоми се јавуваат и мускулна слабост, болки во мускулите морници или болки по телото. Синдромот на социјално повлекување може да се појави како компликација на подолготрајно присуство на панично растројство, а тој неминовно носи со себе депресивност и безнадежност во вид на постојано размислување на сопствената состојба и чувството дека нема излез.

За каков тип личност и се работи?

Главно се работи за личности кои се постојано во неизвесна мерка напнати ,често загрижени, со изразена потреба да се прикажат во добро светло и да им угодат на другите ,личности кој постојано внимаваат да не направат грешка ,пресовесни, пречувствителни препедантни, оние кои за себе велат дека ,,не трпат неправди,, како и оние кои се преоптоваруваат со обврски и со работа. Личностите со вака опишани карактерни ,,структури,, се многу поподложни на стрес, а познато е дека кај повеќето од оние кои страдаат од панично растројство постои присуство на препознатливи или скриени стресогени ситуации кои се предуслов за појава на растројство.

Како да се спречат паничните напади?

Еден од вообичаените начини за третман на паничните напади е комбинација од медикаментозен третман и психотераписко советување. Главно се користат ниски дози на антидепресивна терапија и медикаменти кои ја намалуваат анксиозноста. Неопходно е заедно со медикаментозниот третман да се применува и психотераписко советување, кое оди во правец на изнаоѓање ефикасни начини за релаксација и сузбивање на стресот. Одредениот степен на депресивност е секогаш присутен кај паничните растројства советување се фокусира и на изнаоѓањето начини за повторно враќање на загубената ,,внатрешна смисла,, како и враќање на задоволството на живеењето. Другиот начин е сузбивање на растројството без употреба на лекови, на природен начин т.е. само со психотерапија. Најразличните психотераписки методи применуваат различни техники за таа цел. Терапиите на модификација на однесувањето помагаат во промена на однесувањето и стравот кон сопствените непријатни чувства и мисли т.е. во начинот на реагирање во извесни ситуации. Таканаречената парадоксална интенција може ефикасно да послужи за успешно сузбивање на паниката преку прифаќање на сопствената состојба и ,,препуштање ,,на стравот и симптомите кои предизвикуваат паника место постојаните обиди да се воспостави контрола над нив, што вообичаено го прават лицата кои доживуваат вакви напади. Релаксацијата и вежбите за дишење се вообичаено користени дополнителни техники.

Сподели:

Останати написи

  • Добивај известувања за новости!