Зошто треба да возите велосипед?

Пролетта е идеално време повторно да се вратите на старата навика и да возите велосипед. Овој совршен начин на рекреација одлично се справува со вишокот килограми, но ги затегнува и обликува мускулите. Рекреативното возење е одлично и за стекнување кондиција, намалување на ризиците од појава на висок крвен притисок, ја зајакнува издржливоста на организмот и имунитетот, го намалува стресот. Жената која има 60 килограми телесна тежина ќе потроши 480 калории доколку вози со просечна брзина од 20 до 25 километри на час 60 минути. Колку возењето е побрзо и поинтензивно, толку повеќе калории се трошат. Но, стручните лица не препорачуваат претерување со оваа активност. Истражувањата покажале дека луѓето кои возеле по 10 километри, двапати неделно, согоруваат и до пола килограм масни наслаги месечно.

Возењето велосипед подмладува

Редовното возење велосипед делува против стареењето. Со зголемување на циркулацијата за време на возењето се зголемува и протокот на киселини до површината на кожата. На овој начин се елиминираат и токсините, се подобрува тенот и се зголемува производство на колагенот.

Ги зајакнува имунитетот

Имунитетот го штити нашето тело од различни инфекции и системски болести. Истражувањата покажуваат дека умерената физичка активност како што е возењето велосипед го зајакнува нашиот имунитет.

Го подигнува нивото на енергија

Доколку сте уморни и безволни, возењето велосипед  ќе ви врати 20% од енергијата и ќе го намали уморот за 65%. Ова се случува поради тоа што возењето велосипед го поттикнува мозокот да лачи допамин, хормон кој е поврзан со нивото на енергија. Дури и бавното возење трипати неделно, од кое и не се ни потите, ќе поттикне да се чувствувате среќно.

Превенира од болестите на ’рбети болки во грбот

Додека се возите држењето на телото е оптимално, а движењата на нозете ги стимулираат мускулите на долниот дел од грбот каде најчесто се појавуваат болки во ’рбетот. Рекреативното возење велосипед исто така ги стимулира малите мускули околу ’рбетот кои тешко се активираат со други вежби.

За убав сон

Возењето велосипед се препорачува доколку сакате да имате убав и квалитетен сон, а утрото да бидете свежи и наспани. Една получасовна прошетка со велосипедот ги намалува проблемите поврзани со спиењето за речиси 50 %.

Ја спречува појавата на кардиоваскуларни заболувања

Срцето  е еден од најважните органи за здрав живот, но физичката неактивност може да доведе до негово оштетување. Возењето велосипед е идеален начин за јакнење на срцето.

Го намалува високиот крвен притисок

Возењето велосипед може да ја спречи појавата на висок крвен притисок или да го намали веќе појавениот. Со тоа автоматски се намалува и веројатноста од појава на мозочен удар и оштетување на другите органи.

Придобивки има уште многу, оние кои не ги набројавме предлагаме сами да ги откриете!

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!