Од сите минерали на луѓето најмногу им недостига железото. Но, недостигот покажува многу мали симптоми, за некои речиси незабележителни. Проблемот со недостиг на железо се решава лесно.
Намаленото количество на железо доведува до слабокрвност, состојба кога телото не е во можност да произведе доволна количина на хемоглобин, кој е еден од најбитните протеини во нашето тело. Ако ги имате следниве симптоми, нашата препорака е веднаш да се упатите кај вашиот лекар и да направите проверка на крвната слика.
Симптоми кога имате недостиг на железо:
– Бледило на кожата
– Вртоглавица
– Поспаност
– Слабост
– Замор
– Губење на апетитот
– Забрзано чукање на срцето
Не треба да занемарите ниту еден од овие симптоми!
Анемијата може да биде причина и за сексуална дисфункција, главоболка, нервоза, заборавеност, недостиг на концентрација и неактивност на работно место или дома. Не значи дека сите овие симптоми ќе се појават токму кај вас – анемијата дава различни симптоми кај секого. Ако немате време да се консултирате со лекар, помогнете си со тоа што ќе внимавате што ќе јадете. Во исхраната вклучете повеќе говедско месо, грав, ореви, овошје и зеленчук. Покрај тоа јадете храна која изобилува со витамин Ц, а избегнувајте млеко и кофеин.
Колку железо ни е потребно?
Најмногу железо треба да земаат децата кои се во раст, но и бремените жени и жените кои имаат обилна менструација.
Ова се препорачаните дневни потреби на железо:
- Деца (1-10 години) – 7 до 10mg
- Жени (19 години на нагоре) – 18mg
- Мажи (19 години и нагоре) – 8mg
- Бремени жени – 27mg
- Жени што дојат – 9 до 10mg