НЕИНВАЗИВНИ ОПЕРАЦИИ НА КОЛК, КОЛЕНО, РАМО, ЛАКОТ – ЕДИНСТВЕНИ ВО ЗЕМЈАТА ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се докажува како здравствена установа лидер во земјата во која единствено се изведуваат специфични хируршки интервенции од областа на ортопедија и трауматологија. Работени се артроскопија на лакот, артроскопија на колк, на скочен зглоб – со најсовремена апаратура која ја издвојува болницата на ниво на најсовремените клиники во светот. Во болницата се изведува артроскопија на колк која не се работи на друго место во Македонија, затоа што апаратура за да се изведе ваков зафат има само во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Тие интервенции се изведуваат под надзор на доктор Иван Василев од Бугарија, кој соработува со „Аџибадем Систина“ повеќе од десет години. Станува збор за докажан хирург во регионот и пошироко кој вели дека артроскопските интервенции кои се изведуваат со минимално инвазивен начин се врв во хирургијата, а осигуруваат третман со брзо заздравување.

Тоа е особено важно оти се применуваат најчесто при спортски повреди, кои, пак, од друга страна бараат и брз третман и целосно лекување за покус период. „Со Клиничката болница ‘Аџибадем Систина’ соработувам повеќе од десет години. Од пред пет години почнавме заедно да извршуваме операции за да се обучуваат докторите и целиот медицински персонал со што ја проширивме артроскопијата на повисоко ниво. Работите одлично се одвиваа. Овие интервенции се уникатни и се изведуваат само во вашата болница. Артроскопијата е врзана со неколку важни фактори, а еден од нив е болницата да располага со многу модерна опрема и со обучен тим доктори и медицински персонал кои ќе може да ги изведува. Тоа овде е на највисоко ниво, а дополнително болницата има современ оддел за физикална терапија која овде во вашата болница одлично функционира и се развива. Затоа овде гарантираме успех за овие комплексни операции“, вели д-р Василев. Тој објаснува дека освен артроскопија на коленото, на рамото и на лакотот, минимално инвазивен пристап се применува и на повреди на бицепсот и на лигаменти на скочен зглоб, интервенции кои исто така се доста сложени. Вели дека ова значи пристап кој значи побрзо заздравување. Но освен артроскопии во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се изведуваат и други тешки и операции со модерна опрема. Д-р Михајло Ивановски, специјалист по трауматологија, вели дека воведувањето на современи техники е императив во работењето. „Ние сме болница која секогаш настојува да воведува модерни техники и современ пристап по лекувањето. Важно е да се носат нови знаења. Од тој аспект исклучително важно е искуството кое овде го носи д-р Василев, кој е докажан хирург на меѓународно ниво. Во рамки на нашата соработка и јас одам во Софија, но и тој доаѓа овде и заеднички успеавме да ги решиме и најтешките случаи“, вели д-р Ивановски, специјалист по трауматологија. Инаку, артроскопските интервенции во ортопедијата и трауматологијата во последниве 20 години ги заменија класичните операции. Се работи за неинвазивна процедура која е помалку болна за разлика од класичните хируршки интервенции, го скратува престојот на пациентот во болница, а на минимум се сведени и сите компликации.

Сподели:

Останати написи

  • Добивај известувања за новости!