Зошто некои луѓе се магнет за комарци?

Еве неколку интересни откритија кои ќе ви помогнат да сфатите зошто некои луѓе се магнет за комарци. Ако и вие се чувствувате како цел на сите комарци во околината, додека вашите пријатели мирно си седат и немаат проблем со комарците, можеби сте во право. Околу 20% од луѓето се многу привлечни за комарците. Вашиот метаболизам, како и единствениот хемиски состав на вашето тело игра значајна улога во одредување на привлечноста за комарците. Но, постои и истражување кое покажало дека привлечноста со текот на времето може да се менува.

1.       Комарците најмногу ги сакаат луѓето со 0 крвна група

Едно истражување покажало дека комарците во потрага по храна дури за 2 пати повеќе слетувале кај луѓето со 0 крвна група отколку кај луѓето од крвната група А. Токму оваа крвна група била најслатка за комарците.

2.       Љубители на пиво, внимавајте на комарците!

Во истото истражување се докажало дека комарците многу почесто слетувале кај луѓето кои консумирале пиво отколку кај луѓето кои воопшто не пиеле.

3.       Полна месечина?

Комарците се за 500 пати повеќе активни кога има полна месечина. Ризикот од убоди е најголем во зора, а женските комарци можат да патуваат дури и 50 километри само за да најдат жртва.

4.       Комарците можат да препознаат трудници

Комарците за 2 пати повеќе ги напаѓаат трудниците, со што се зголемува ризикот од пренесување заразни болести.

5.       Трчањето нема да ви помогне

Потта од трчањето или спортувањето е патоказ како комарците да стигнат до нас. Поголема е веројатноста дека комарецот ќе ве касне додека трчате или спортувате отколку додека мирувате бидејќи тешко дишете и се потите.

Како да се заштитите?

Бидејќи комарците ги привлекуваат мирисите, ве советуваме додека престојувате во природа да избегнувате употреба на парфимирани козметички средства. На отворено покријте ги слатките јадења и сите пијалаци во чашите, а шишињата држете ги затворени. 
Доколку сте алергични на каснувањето и убодите, на прозорците поставете заштитни мрежи кои по летото можете да ги тргнете. Шишињата, лименките и другите садови со вода задолжително затворајте ги во лето бидејќи комарците се привлечени од простории каде што има влага. Етеричното масло од лаванда е најдобро природно средство за заштита од комарци, како и спрејовите за заштита од инсекти.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!