Дали сте знаеле дека тело има природен механизам на ладење. Но дали нашето тело успева да се олади и при екстремно високи температури?
Еве неколку факти, за тоа како организмот реагира кога температурата ќе стане неподнослива:
1.Човековото тело природно се разладува преку потење, со што одржува нормална телесна температура.
2.Но честопати овој природен процес во услови на екстремно високи температури не е доволен, а поради одредени фактори може да биде нарушен.
3.Потењето може да биде забавено поради зголемената влажност на воздухот, возраста, прекумерната телесна тежина, употребата на одредени лекарства.
4.Преку потењето се губат и големи количини вода и сол, неопходни за нормално функционирање на телото. Во вакви ситуации, особено кога живата во термометарот ќе се искачи над 40. степен и кога телото не може да одржи нормална телесна температура, може да дојде до појава на сериозни нарушувања во функционирањето на организмот.
5. Последиците од високите температури се топлотна исцрпеност, топлотен удар, сончаница.
Неколку совети како да се заштитите од сонцето:
1. За да се заштитите од екстремните температури треба да избегнувате потешка физичка активност и престој на отворено во периодот од 11 часот до 16 часот кога сонцето е најсилно и кога температурите се највисоки.
2. Главата секогаш да ви е заштитена со капа, ова особено важи за најмладите.
3. Облеката треба да ви биде лесна, светла и од природни материјали.
4. Поради високите температури организмот губи вода, па затоа почесто пијте течности.
5. Исхраната треба да ви биде лесна и богата со витамини и минерали.
6. Просториите во кои престојувате морате редовно да ги проветрувате, а доколку користите уреди за разладување внимавајте температурата во просторијата каде престојувате да не се разликува многу во однос на надворешната температура.