Потребни состојки:
– 2 ½ шолји зрна од пченка
– 2 лименки леблебии
– 3 шолји чери домати (пресечени на 4 дела)
– 1 исечкана зелена пиперка
– 1 исечкан мал црвен кромид
– 1 исечкана краставица
Дресинг:
¾ шолја маслиново масло
¼ шолја ситно сечкан коријандер
4 лажички сок од лајм
1 чешне лук
Сол и црвен пипер по вкус
Начин на подготовка:
Измешајте ги артиклите во еден голем сад. Во друг сад измешајте ги артиклите од дресингот. Посипете го дресингот врз салатата и мешајте ја целата салата додека дресингот не впие насекаде. Салатата ставете ја во фрижидер и чувајте ја пола час.
Уживајте!