Како да бидете паметни, бистри и фокусирани?

Употребувајте го мозокот

Луѓето кои се ментално поактивни се помалку склони на Алцхајмерова болест. Пробајте ги овие техники за трeнирање на мозокот.

-          Читајте книги
-          Слушајте предавања
-          Слушајте радио
-          Играјте компјутерски игри
-          Посетувајте музеи
-          Учете втор јазик

Употребувајте го мозокот

Луѓето кои се ментално поактивни се помалку склони на Алцхајмерова болест. Пробајте ги овие техники за трeнирање на мозокот.

–          Читајте книги
–          Слушајте предавања
–          Слушајте радио
–          Играјте компјутерски игри
–          Посетувајте музеи
–          Учете втор јазик

Се сеќавате ли кога бевте мали и ги кажувавте зборовите наопаку?

Едно истражување направи таканаречени „неуробик“ вежби кои го предизвикуваат вашиот мозок да мисли на поинаков начин. Кога веќе вашите сетила се клучот за да спознавате, употребете ги со цел да го вежбате мозокот.  Доколку сте деснак, потрудете се да пишувате со левата рака. Возете до работното место по различни маршрути. Затворете ги очите и потрудете се да ја познаете храната по вкус.

Вежбајте за да бидете во форма

Вежбајте, особено кардио вежби од типот на пешачење и пливање. Со овие вежби го подобрувате и менталното здравје. Физичката активност може да го зголеми снабдувањето со крв во мозокот и да ги подобри врските меѓу мозочните клетки. Бидете активни, тоа ќе ја подобри вашата меморија, имагинација, па дури и способноста за планирање на задачите.

Здравиот начин на исхрана ја подобрува моќта на мозокот

Направете му услуга на мозокот и јадете храна која е добра за вашето срце и линија. Дебелината во средните години двојно ви го зголемува ризикот од појава на деменција. Исто така, ризикот од ова заболување се зголемува и доколку имате високо ниво на холестерол и висок крвен притисок. Советуваме:

–          Печете ја храната во рерна или скара наместо да ја пржите
–          Гответе со здрави масла, како на пример маслиново масло, масло од јаткасти плодови и семиња
–          Јадете разнобојни овошја и зеленчуци
–          Јадете риба

Внимавајте што пиете

Самите знаете дека повеќе алкохолни пијалоци во една вечер можат да влијаат врз вашиот говор, движење и меморија. Но, дали сте знаеле дека алкохолот може да ви остави и сериозни долгорочни последици? Премногу алкохол во текот на животот може да го збие фронтален лобус  во мозокот. Ова оштетување може да трае засекогаш, дури и доколку престанете да пиете. Лимитот е следен: една чаша алкохол на ден за жените, две чаши за мажите.

Видеоигрите го тренираат вашиот мозок

Грабнете го џоистикот в рака. Неколку студии кажуваат дека играњето видеоигри ги стимулира деловите на мозокот кои го контролираат движењето, меморијата, планирањето и фините моторички вештини. Некои велат дека видеоигрите ве прави подобар само во видеоигри. Како и да е, зошто да не ги оставиме децата да се забавуваат?

Музиката му помага на вашиот мозок

Заблагодарете им на вашите родители што ве натерале да одите на часови по пијано или гитара. Свирењето инструмент на млади години може да се одрази со почисто размислување на постари години. Свирењето е забавно и ги подобрува менталните функции.

Дружете се со вистинските пријатели

 Истражувањата покажуваат дека социјалните активности го подобруваат вашиот ум.

Бидете смирени

Премногу стрес може да ја повреди сивата материја во мозокот, која содржи клетки кои ги складираат и процесираат информациите. Еве неколку совети, како да се смирите:

–          Дишете длабоко
–          Најдете нешто што ќе ве насмее
–          Слушајте музика
–          Јога или медитација
–          Најдете некој со кого можете да зборувате

Покрај овие, тука е и спиењето. Квалитетниот сон е многу важен за доброто размислување во текот на денот. Многу е битно да бидете наспани пред да почнете некоја нова работа и да се наспиете потоа. На тој начин нема да бидете уморни и ќе можете целосно да се фокусирате на работите.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!