Една од најчестите процедури која се применува во хируршкиот третман на ’рбетот е дисцектомијата. При оваа процедура се отстранува дел од оштетениот диск кој врши притисок на нервот и предизвикува болка. Во оваа отворена хируршка интервенција, се отстранува дел од ламината (делот над спиналните нерви) на прешленот со цел да се обезбеди приод до спиналниот канал. Нежно поместувајќи ги нервите настрана, хирургот го отстранува оштетениот диск. Со отстранувањето на овој дел нервите се ослободуваат од притисокот.
Состојби кои се третираат со оваа процедура
Дисцектомијата најчесто се користи во третманот на ишијас и/или болки во долниот дел на `рбетот. Операцијата се изведува на пациенти кои почувствувале болка во грбот и нозете што е толку силна што почнува да ги попречува секојдневните активности на пациентот и трае повеќе од 6 недели.
Во зависност од локацијата и сериозноста на оштетувањето на дискусот, дисцектомијата може да се изведе по пат на отворена микрохирургија со мал рез или ендоскопски. Пациентите можат да ја напуштат болницата истиот ден по операцијата или еден ден подоцна.