Која е функцијата на дојките?

Дојките се парни млечни жлезди составени од група клетки кои кога се поттикнати од соодветни хормони лачат млеко од малите канали и го носат до брадавицата. Дојките, исто така, содржат масно ткиво, лимфни и крвни садови. Тие се наоѓаат на предната страна од градниот кош во висина од третото до шестото ребро. Брадавицата е центарот на темниот круг, кој се нарекува ареола. Лимфните канали имаат функција да носат безбојна течност наречена лимфа. Тие завршуваат со лимфни јазли кои главно се наоѓаат во пазувите (аксили) во близина на клучната коска (клавикуларна коска) и веднаш до градната коска (стернум). Лимфните јазли ги задржуваат бактериите, канцерогените клетки и другите штетни материи што може да навлезат во лимфниот систем.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!