Што треба да знаете за биопсија

sistina

Која е процедурата пред биопсија?

  •          Пациентот треба да го информира докторот што ја прави биопсијата за сите лекови што ги прима. Доколку прима лекови за подобра циркулација (како аспирин), пациентот треба да ги прекине неколку дена пред биопсијата.
  •          Во некои случаи, специјалистот сака да провери дали постои проблем со згрутчување на крвта или не, па зема примерок од крв.
  •          На денот на биопсијата треба да се носи удобна облека. Пред биопсијата не смее да се користи дезодоранс, пудра или крема на или околу дојката.
  •          Пациентот треба да биде трпелив. Резултатите од биопсијата се обично готови за неколку дена.

Колку време трае постапката?

Биопсијата со тенка игла и тру-кат биопсија (иглена биопсија со пресекување) траат 15-20 минути и по завршувањето на процедурата пациентот може да продолжи со секојдневните активности. Биопсијата со помош на вакуум трае околу 30-40 минути и по завршување на постапката се препорачува пациентот да се одмори, да избегнува напорни активности и да не крева тешки предмети. Можно е присуство на осетливост и модринки 5-7 дена во делот каде што се отстранува ткивото, особено по биопсија со вакуум.

Можните ризици од иглена биопсија

Крвавење: Крвавењето ретко се јавува и обично се појавува како мала модринка или затврденост по постапката. Тоа се лечи само од себе. Поретки се случаите на обилно крвавење, за кои се применува интервенција.

Инфекција: Бидејќи постапката се изведува со игли за еднократна употреба во стерилно окружување, појавата на инфекции е ретка.

Погрешна дијагноза: Веројатноста за погрешна дијагноза е екстремно мала, доколку примероците се вадат од вистинско место. Сепак, постапката мора да се спроведе од страна на искусен доктор, додека примероците мора да се испитаат од страна на искусни патолози. Пациентите со бенигни резултати од биопсија треба повторно да се проверат по 6 месеци со цел да се забележи дали масите се зголемиле или не.

Оштетување на мембраната на белите дробови: Иако поретко, оштетувањето може да се појави по биопсиите со помош на УС кои се применуваат за маси кои се лоцирани многу длабоко. Ова оштетување обично се лекува спонтано само по себе.

Сподели: